Работното место стана попријатно и тоа е добар правец. Во текот на изминатите дваесет и повеќе години, генерално искусивме еден многу пријатен развој и понежна естетика, кога станува збор за дизајнот на канцелариите. Овој процес драматично се забрза во последните години, бидејќи повеќето фирми се свртеа кон моделите на флексибилно и агилно работење, како извор на конкурентска предност и бидејќи видоа голем број на примери како сето тоа да се изведе. Понекогаш, погрешно се карактеризира како припитомување на дизајнот, и ова е поврзано со начинот на кој менаџментот размислува и следствено на тоа, работниот дизајн се фокусира на помеки деловни решениа, како што се корпоративната култура, работното опкрушување како и менаџирање со тоа знаење.
Во голема мера, ова се појави како неопходност. Во средиштето се наоѓаат неколку меѓусебно поврзани предизвици. Најважно е следното: ако вашето главно средство е знаењето, како ги привлекувате во вашата организација, оние кои го имаат тоа знаење? Потоа, откако ќе ги вработите, што правите, за тие да останат таму, или барем да пренесат дел од своето знаење во компјутерите или на другите луѓе пред да одат? И конечно, како придонесувате за нивната благосостојба, на начините кои одговараат на нивните потреби и потребите на организацијата.
Токму ова фундаментално прашање водеше до доминираат на “меките” предизвици во менаџерското размислување. Од гледна точка на дизајнот на работното место, тоа го поттикна растот на флесибилните работни практики и агилното работење, бидејќи организациите се обидоа на луѓето да им дадат подобра рамнотежа помеѓу работата и животот. Самото тоа го омекна работното место и го поттикна зголемувањето на просторот за одмор а со тоа и фокусот на тимската работа.
Тоа е насочено кон зголемување на свесноста на вработените за брендот како и искуствата на корисниците, две идеи кои примарно започнаа пред се водени од менаџментот за човечките ресурси, кои сега се сметаат како вредни на корпоративно ниво, и следствено како инфлуенсери на дизајнот на ентериерот. Тоа става нов акцент на управувањето со знаењето. Во старите денови знаењето беше ставено во лимени ормани и пребарувањата на кутиите значеше дека фирмите можеа да ги чуваат клучните информации безбедни внатре. Ако луѓето заминеа, многу од тоа што го знаеја и со кое работеа немаше да исчезне надвор од вратата заедно со нив.
Променлив психолошки договор
Промената во психолошкиот договор помеѓу работодавачот и вработениот, е последица и причина на овие промени. Тоа исто така се совпадна со други два надворешни фактори, што во многу блиска иднина ќе има длабоко влијание на начинот на кој бизнисите функционираат, и начинот на кој ги дизјнираат и управуваат со работните места.
Прво, тивко напредувачката економија во последниве години, не само што ни понуди речиси целосно вработување и недостаток од вештини во важните области како правниот, технолошкиот и креативниот сектор, туку истовремено им даде моќ на вработените кои беа во можност да бараат нови и подобри работни услови во замена за нивната лојалност. Флексибилното и агилно работење се растечки очекувања за луѓето на работа.
Второ, новата мешавина од генерации на луѓе е инволвирана во водењето на работите. Генерациите родени по втората светска војна веќе се придружија идеалистички, прашувајќи ги генерациите помеѓу 60те и 70те години од XX век, како клучни носители на одлуките во организациите. Сега луѓето родени помеѓу 1984-1996 година и оние родени по 1997 се подготвени да го трансформираат работното место на свој начин. Овие се првите генерации на луѓе, кои немаат претстава за свет без постојан и брз пристап до информации, забава и други луѓе. Тие се несвесни за необично изгубениот свет на телефонски говорници, факсови, писма и телевизија со четири канали, иако слабите и исчезнати одгласи на тој свет се уште не опкружуваат.
Во голема мера нивната врска со светот е дефинирана, со нивниот однос со технологијата, многу повеќе отколку кај нивните постари колеги. Тие пристапот до технологијата го земаат здраво за готово. Тие го прифаќаат нејзиното распространето присуство, нејзината сеприсутност, нејзината краткотрајна природа, и ги бараат последните работи, дури и ако тоа значи ладно отфрлање на технологијата што се сметаше за најсовремена само неколку месеци претходно.
Економијата сега се заснова на знаење, а не само на информации, и како резултат на тоа, канцеларијата ги зема во предвид и двете, и функциите и естетиката, што резултира со многу порелаксирани заеднички работни простори, како хотели и кафулиња, па дури и приватни простори како нашите домови.