Имате потреба од врвна експертиза за дизајн на вашиот работен простор?
Тимот за планирање и консултации на B2 Solution нуди целосна помош при дизајнот и концептот на современите работни средини и простори, и целосно го придружува секој проект од стратешко планирање до финална имплементација. Експертите на компанијата, составени од консултанти, архитекти, внатрешни дизајнери, експерти за дизајн на работен простор, даваат целосни решенија од консултации преку дизајн до инсталација.
Консултации за дизајн на работен простор
Дизајн
Уредување
Релокација и Логистика
Услуга и Одржување
Базирајќи се на воочување на моменталната ситуација, тие развиваат можни решенија, ги идентификуваат можностите и, врз база на резултатите, изработуваат рамка со испланирани детали. Резултатот е конечен, иновативен канцелариски концепт со идеални опции за работа, со цел да ги поддржат соодветните активности и методи на работа. За дизајн по мерка и конечен канцелариски концепт кој се фокусира на целите на компанијата, како и на благосостојбата на вработените.
години успех при консултации за дизајн и уредување на канцелариски простории
Наш концепт
Нашите решенија ја создаваат основата на канцеларијата од иднината. Со цел да се исполнат очекувањата и барањата на вработените до заеднички именител, работната средина треба да ги исполни нашите четири клучни барања: простор за концентрација, комуникација, соработка и релаксација.
Постојат задачи кои вклучуваат неколкумина вработени кои работат заедно и разменуваат идеи меѓусебно, и постојат активности кои имаат потреба од тивки и приватни места.
Изглед на прв поглед
Раководење во внатрешниот процес на промена на работниот простор
Воочување на статусот „кво“, земање предвид на потребите и дефинирање на главните параметри – консултациите за дизајн на работен простор на B2 Solution го придружуваат целокупниот процес уште од самиот почеток, иницираат раководење со проекти и нудат поддршка преку раководење на потребните промени. На крајот, успехот на промената во новиот работен простор зависи во голема мерка од тоа како вработените можат да се сместат и да се чувствуваат удобно во новата средина. Затоа, најважно е да се осигура дека секој е вклучен во проектот уште од самиот почеток и во секој чекор во понатамошниот процес. Преку разбирање на промената, на тој начин таа може уште полесно да се имплементира и реализира.
Анализа и работилници
Во рамките на консултациите за дизајн на работен простор, спроведуваме анализи кои ги поставуваат темелите на планирањето. Во овој процес, моменталната ситуација, комуникациските канали и потребите на одделите и нивните активности се проценуваат во работилница до завршен степен.
Оптимизација на достапни места и ново планирање на просторите
Канцеларијата од иднината треба да ги задоволи очекувањата и потребите на различните генерации кои работат заедно. Современите канцелариски решенија не само што ги земаат предвид ергономските аспекти, туку исто така им овозможуваат на вработените да одберат каде, како и колку долго сакаат да работат. Меѓусебноста од овие фактори е земена предвид и во оптимизацијата на постоечките места и во новото планирање.
Концепт на бои и материјали
Боите, материјалите и финишите можат да создадат топла средина и да го променат ефектот на работните простори. Хармоничните комбинации и акценти играат важна улога во создавањето на чувство на благосостојба на работа, и, создадени од тим на експерти во дизајн на бои и трендови, вклучени во канцеларискиот дизајн. Дизајнираме и прозиводи по нарачка, според вашите потреби.
Виртуелна и зголемена реалност
Решението за виртуелна реалност е достапно како иновативен додаток на дизајнот и услугите на планирање. Ова го олеснува разбирањето на 3Д планирањето и создава чувства кон различните дизајни на простории.
Нашата стратегија за успех
За да обезбедиме долгорочно и конечно решение, нашата стратегија за
консултација за дизајн на работен простор е поделена во три фази.
За секоја од овие фази, поставени се неколку параметри:
Фактори на успех
Се базира врз знаење
B2 Solution ги надгледува барањата на луѓето, како и промените и трендовите околу работните средини. Ова знаење е имплементирано врз производите и во решенијата, и информациите од неодамнешните студии се вклучени во планирањето и консултациите. Ова овозможува долгорочна безбедност за планираните инвестиции.
Создадено според вашите потреби
Тимот од внатрешни експерти е надополнет од огромна мрежа на надворешни партнери со цел да се пронајде оптималното решение за сите предизвици и прашања околу работниот простор. За услуга која започнува од стратегија, и завршува со имплементација без никакви отстапки.
Безвременско
Покрај ергономскиот мебел, оптималното планирање исто така вклучува холистички поглед на работниот простор. Бои, материјали, акустика и собни растенија влегуваат во фокусот, со цел да се поттикне благосостојба и продуктивност и да се обезбеди атрактивна работна средина за во иднината.
Сѐ потекнува од еден извор
Се фокусира на сите потреби – и индивидуалните потреби на вработените и на целите на корпоративците. Концептите и планирањето развиени од B2 Solution не се стандардни, туку претставуваат индивидуални решенија кои промовираат современи работни средини.