Границата помеѓу звукот и вревата не е секогаш очигледна.Тоа што не вознемирува, ни предизвикува стрес и не изморува, варира од човек до човек и зависи од тоа како се чувствуваме во одреден ден. Според тоа најважно е да не молчиме за тоа како го перцепираме разговорот, смеењето и мрморењето на работното место.
Треба да говориме за звукот
Според многу експерти “ергономскиот звук” е запоставена област на работното место, но исто така и во општеството во целина. Дури и кога ќе се вложи многу труд во архитектонскиот и внатрешниот дизајн на некоја нова зграда, често може целото искуство да се уништи поради вознемирувачко звучно опкружување.
“Звукот е исклучително комплицирана област. Од една страна вклучува напредна физика. Од друга страна, звукот не е нешто што може да се допре или види, што значи дека е лесно да се заборави. Поголемиот дел од луѓето не размислуваат за звучното опкружување околу нив, но ние знаеме дека тоа влијае на здравјето, благосостојбата и можноста да се извршуваат работите. ”
Денес, експертите по ергономија се многу повеќе загрижена за благосостојбата и здравјето отколку за мебелот- справувајќи се со сите алатки неопходни за индивидуално прилагодување на работното место за различни услови, потреби и тела.
Технологијата ја зголеми нашата свеност за акустични решенија
Се смета дека технолошкиот развој, со оглед на тоа дека работиме пофлексибилно и во океански простори, го помести акустичното опкружување на врвот на агендата. Ергономските експери од индустријата работат за да се развијат заеднички стандарди, за мерење на апсорбирањето на звукот на канцеларискиот мебел.
Многумина потенцираат дека постојат закони кои се однесуваат на вревата која го оштетува слухот на луѓето, но во случајот со звукот кој е само вознемирувачки, границите се поопасни.
Не се сите звуци врева
Звукот во голема мера влијае на нашата способност да ги извршуваме работите во канцелариите, дека може да предизвика стрес, главоболки и проблеми со концентрацијата, но исто така и физичка болка во рамената и вратот. Во исто време, звукот е исто така неизбежен на нашите работни места. Всушност може да биде земено и како позитивно тоа што нашите колеги разговараат, се смеат или слушаат музика. Сепак тишината не е секогаш неопходно најдобра. Не се сите звуци врева. Во суштина постојат некои звуци кои ги сакаме и кои треба да ги слушаме колку што може почесто. Претставата за тоа што е вознемирувачко, е субјективна. Сите имаме различна чуствителност. И таа може да варира од ден на ден. Ако сме уморни, или под стрес, или имаме работни обврски кои побаруваат високо ниво на концентрација, тогаш смеењето и телефонските разговори на нашите колеги може да биде повознемирувачко од обично. Затоа во океански организираните канцеларии е неопходно да се имплементираат одердени принципи кои би ги заштитиле вработените.
Како да создадеме добро акустично опкружување
Со оглед на тоа дека чуствителноста на звукот варира од човек до човек, дневните и работните обврски, најдобро е да има флексибилно опкружување со бројни различни звучни сцени.
- Добар начин е да се започне е да се побара помош од експерт.
- Да се анализира врската помеѓу работните процеси и опкружувањето.
- Да се направи стратегија за тоа како непотребните попречувањата да бидат елиминирани и какви други звучни апсорбери би биле потребни.
- Да се земат во предвид производите како панели за работни маси, ѕидни панели , ѕидни шински системи, како и стаклените делови од фасадата.
- Да се погледне во целото опкружување за да се пронајде рамнотежа, со употреба на природни впивачи како завеси, паркет и мебел.
Добар совет е секогаш да се започне со основен мебел кој потоа може да се прилагоди кога просториите ќе почнат да се употребуваат. Само тогаш навистина може да се знае каков ќе биде звукот. Предноста од панелите, независно од фактот дека го намалуваат звукот, е и дека ја прават канцеларијата флексибилна и прилагодлива за нови побарувања.
Исклучете ги лошите момци
Многу е важно да се исклучат апаратите и зоните кои предизвикуваат врева или имаат зголемено ниво на звук, како на пример принтерите, лифтовите, пешачките патеки, кантините и рецепциите. Панелите помеѓу работните места го намалуваат звукот во канцеларискиот простор, без притоа да ги загрозат блискоста и комуникацијата. Посебните соби за пократки или подолги состаноци исто така придонесуваат за подобро звучно опкружување.
“Исто така, врз одредени работи можеме да влијаеме и со нашето однесување. Ако обавуваме подолг телефонски разговор, треба да се оддалечиме малку. Исто така, важно е да се запамети дека кога зборуваме на телефон, зборуваме малку погласно од вообичаено. Тивкиот разговор е очигледно помалку вознемирувачки од гласниот.”
Се започнува со свесноста
Многу може да се направи со звучното опкружување,ако само го забележиме и станеме свесни за тоа како влијае на нас. Најдобро, секако е ако архитектот знае за звукот и го планира звучното опкружување уште во фазата на дизајнирање и градење.
Постојат канцелариски простори во кои акустиката е целосно заборавена за време на изградбата а кога тоа ќе се случи многу тешко и финансиски е скапо да се поправи подоцна. Затоа е многу важно да се подигне свеста за звукот и за неговото влијание врз нас.
Охрабрува фактот дека постојат многу позитивни знаци дека работите се развиваат во тој правец. И компаниите и инвеститорите се повеќе се свесни за проблемот, во тек е нешто што наликува на тивка револуција.