На Меѓународната конференција за дизајн во Аспен, во 1983 година, Стив Џобс одржа говор во кој се осврна на темата на конференцијата; Иднината не е тоа што беше порано. Во него, тој ги постави своите размислувања за новата технологија, интуитивниот дизајн, персоналниот компјутер, како и потребата за идеја за тоа како изгледа иднината, која постојано ќе еволуира. The audio from his presentation is below.
Ова беше неколку месеци пред лансирањето на првиот Apple Macintosh, но филозофијата и намерата се тука. Опишувајќи го новиот кориснички интерфејс на оваа нова генерација десктоп компјутери, Џобс рече:”Главната работа во нашиот дизајн е што мораме да ги правиме работите интуитивно очигледни. Луѓето знаат како интуитивно да се справат со работните површини. Ако влезете во канцеларија на работната маса има хартии. Таа што е на врвот е најважна. Луѓето знаат како да го променат приоритетот. Дел од причината што ги моделираме нашите компјутери преку метафори како работната површина, е што можеме да го искористиме ова искуство кое луѓето веќе го имаат”.
Она што Џобс го покажа во неговото обраќање, беше дека усвојувањето на новите алатки и новите начини на вршење на работите зависи од естетскиот и дизајнот на интерфејсот, како и од технологијата. Производите на Apple требаше да им бидат познати на луѓето од нивните претходни интеракции со физичкиот свет и другите алатки, дури и ако тоа се состоело само од пенкало и хартија. Техничкиот термин за ова и оној кој стана синоним за Apple е скеоморфен дизајн.
Скеоморфен е термин кој најчесто се користи за да го опише дизајнот на оној интерфејс кој се потпира на културно здружување или на искуството на корисниците. Некои добро познати примери вклучуваат икона со канта за отпадоци на десктопот, икона со флопи диск за зачувување на документи во Word и симбол на плик за електронска пошта. Принципот се потпира на овие искуства за да укаже на функционалноста и да издржи дури и откако оригиналната алатка ќе застари. Луѓето кои никогаш не користеле или не виделе флопи диск, знаат дека неговата слика стои во функцијата за зачувување.
Стив Џобс веруваше дека компјутерите треба да бидат толку едноставни за употреба, што целосен почетник може да ги совлада само врз основа на инстикт и препознавање. Со текот на времето, како што корисниците се навикнаа на новите интерфејси, Apple постепено го отфрли првичното потпирање на таквите идеи. Како и технологијата, скеоморфниот дизајн се храни себеси како што се развива.
Дигиталните публикации можат да имитираат вртење на страници и гестикулации од печатените публикации, но со текот на времето ова може да се промени, а тоа го знае секој што ја видел снимката со детето кое се обидува да го натера списанието да се однесува како iPad.
Водечки дизајн
Увидот на Џобс е поддржан од науката. Во својата главна книга “Дизајн на секојдневните работи” од 1988 година, когнитивниот научник Доналд Норман укажал на тоа дека начинот на нашата интеракција со предметите и околината, е пред се детерминиран од нивниот дизајн. Овој заклучок тој го темели на фактот дека луѓето се постојани и дека токму дизајнот на работите што ги користат одредува колку добро функционираат тие работи.
Луѓето можат да научат како да ги користат работите поинаку и подобро, но без интуитивен пристап кон дизајнот, производот ќе пропадне до одреден степен. Норман тврди дека дизајнерот треба да го насочи своето внимание кон интеракцијата помеѓу луѓето и дизајнот на предметите и околината, исто како што тврдеше и Џобс.
Овој принцип, со секој изминат ден станува се порелевантен, бидејќи бројот на интеракции што ги имаме со дизајнираните предмети се зголемува. Ова е најочигледно во поглед на нашите интеракции со технологијата, но исто така се појавува и во текот на целиот наш живот, во поглед на канцеларијата, нејзиниот распоред и производите со кои е опремена.
Според тоа нашите интеракции со дизјнот треба да се непосредни и кохерентни. Ова очекување сега се прошири и на нашата околина, како и на дискретните предмети и технологија. Нема да имаме ниту време, ниту тенденција бргу да научиме како да користиме нешто, ако подобриот дизајн го направи тоа очигледно.
Во однос на дизајнот на работното место, поголемата употреба на заеднички и јавен простор, значи дека ова не само што вклучува дизајн на специфични предмети, туку и целосен дизајн на работното место. Ако сакаме луѓето да се преселат во просторот кој најдобро одговара на нивните потреби, тогаш работното место треба да ги направи очигледни целта и функционалноста на елементите. Со други зборови, работното место треба да се однесува како еден од нивните омилени уреди, и неговите идивидуални простори повеќе како апликација.
Промена на очекувањата
По се изгледа највпечатливиот момент во развојот на светот на работата, во последниве години е очекувањето на избор. Идејата која се развива веќе четвртина век, се кристализира околу принципот според кој луѓето треба да бидат слободни да одберат каде, кога, како и со кого ќе работат. Враќањето на работа по карантинот го прави ова поважно од кога и да било.
Од 2014 година, сите вработени во Велика Британија, имаа законско право да побараат флексибилно работење и многумина го искористија тоа право, исто како и многу фирми кои го применуваа флексибилното работење со цел да привлечат и задржат таленти, да пронајдат нов начин на работење, да ги скратат трошоците и да ја подобрат продуктивноста и благосостојбата на вработените. Тие бројки неизбежно ќе се зголемат.
Еден од вообичаените прикази за овој развој е дека луѓето ќе работат од дома наместо во традиционална канцеларија. Реалноста е дека подобро од замената на едно фиксно работно место со друго, е мнозинството од луѓето да имаат одреден степен на избор, и многу од луѓето сеуште одлучуваат да работат во канцеларија голем дел од неделата, поради бројни причини, далеку од чуството на припадност и можноста да се биде во интеракција со колегите. Ова не е двостран избор.
Ова поттикнува фундаментална промена во начинот на кој луѓето го користат работното место. Кога го гледаат како едно од низата на работни места, тоа мора да се натпреварува со многуте карактеристики на неговите алтернативи. Интуитивниот дизајн на работното место мора да ги рефлектира истите скеоморфни принципи, кои го дефинираат дизајнот на толку многу технологија, навлегувајќи во културните и научените искуства и очекувања на поединецот.
Потребата од низа поставки за луѓето да работат, црпи инспирација од други простори, за да ја покаже нивната функција како и функцијата на самите производи кои ја рефлектираат оваа разновидност. Разбравме многу од принципите кои се применуваат во овој процес со децении, но дури сега светот на работата суштински се промени, па можеме целосно да ги вреднуваме и применуваме. Се додека луѓето остануваат во срцето на дизјнот на работното место, ние ќе бидеме во можност да пронајдеме подобри начини да ги дизајнираме просторите за нив.