Нашироко е распртострането мислењето дека доколку седите правилно сте ја имплеметирале ергономијата во вашата канцеларија. Ергономијата е многу повеќе од станување во текот на денот и седење правилно. Постојат толку многу фактори во нашата околина кои исто така имаат влијание врз нашето здравје и благосостојбата на работа. Целта на добрата ергономија во канцеларијата е да се чуствувате добро. Ако успеете да создадете работно опкружување кое ќе води до благосостојба, тогаш ќе успеете да ги направите колегите среќни и ќе ја зголемите продуктивноста.

Флексибилност

За да бидете сигурни дека работното опкружување е соодветно за сите вработени, потребно е да имате флексибилен мебел и подвижни решенија кои лесно можат да се прилагодат на индивидуалните потреби и да бидат прилагодени на различни задачи. Би требало, на пример да можете да ја прилагодите висината на масата во зависност од тоа дали ќе седите или стоите. Психолозите истражиле дека луѓето во стоечка позиција генерираат за 24% повеќе идеи отколку кога седат. Флексибилните и функционални работни решенија исто така треба да можат да се прилагодат на различни активности. Замислете си ја природната поврзаност помеѓу различните места за работа и различните задачи и ќе пронајдете природен ергономски начин да се достават тие решенија.

Мисловна акустика

Во фабриките и другите работни места со постојано и високо ниво на врева, звукот често е највисоко на агендата. Во многу спроведени анкети се заклучува дека, 47% од работниците во канцеларија пријавиле дека имаат многу врева во канцеларијата. Од нив 82% пријавиле дека секој ден се вознемирувани од колегите кои зборуваат гласно. Во Македонија верувам овие бројки се повисоки бидејќи Македонецот е по природа личност која креира многу врева.

Звукот е комплексен феномен, и на крајот не е нешто што може лесно да се заборави или исклучи. Како и да е мисловната акустика е клучна за создавање на ергономско и здраво работно место. Иако според трудовиот инспекторат нивото на врева во канцелариите не може да го оштети слухот, сепак може да влијае на кардиоваскуларниот систем, да го зголеми крвниот притисок и да ја зголеми мускулната тензија и дигестијата. За среќа, не е тешко да се подобри звучното опкружување на вашето работно место. Првиот и многу важен чекор е да станете свесни за тоа. Потоа, треба да ја најдете вистинската мешавина на подно покривање, таванска изолација, завеси и мебел кои можат да го апсорбираат и задушат звукот.

Добри светлосни услови

Светлината има големо влијание врз луѓето, и ако сакаме да работиме ефикасно и удобно, квалитетот на осветлувањето е круцијално. Земајќи во предвид дека во модерниве времиња 90% од времето кога сме будни го поминуваме внатре, во затворен простор, не е необично тоа што светлата и осветлувањето се многу важни за нас.

Неопходно е да има доволно природно осветлување во канцелариите. А онаму каде тоа е невозможно да се постигне, денес постојат одлични вештачки извори на светлина кои квалитетно ја заменуваат природната светлина.