Survalent, Скопје

Проектот за Survalent опфати канцелариски простор со површина од 150 m², внимателно дизајниран за да ги задоволи потребите на оперативниот тим и менаџментот. Со поставување на 60 m² стаклени преградни ѕидови и 90 m² текстилни подни облоги, создадовме баланс помеѓу транспарентност, акустичен комфор и естетика.

Клучни зони и карактеристики:

  • Оперативни канцеларии: фокус на продуктивност и удобност.
  • Executive канцеларии: репрезентативен дизајн за менаџментот.
  • Сала за тимска работа, обуки и тренинзи: простор за колаборација и развој.
  • Конференциска сала: функционално решение за состаноци и презентации.

Избор на мебел и решенија:

  • Frezza – канцелариски столици за оперативниот сектор.
  • Meco – работни маси, ормари и конференциска маса.
  • Sedus – менаџерска столица, AIR работна маса и столици за посетители.
  • myO – Quieto Petals Kit акустични решенија за подобрување на звучниот комфор.

Survalent доби работен простор кој ги комбинира европските стандарди со функционални и естетски решенија. Просторот обезбедува удобност за вработените, репрезентативност за менаџментот и современи услови за тимска работа и обуки.

Проектот за Survalent е уште еден доказ за нашата способност да испорачаме канцелариски простори кои ги следат највисоките европски стандарди, создавајќи средини кои инспирираат иновација и раст.