HTEC Group, Skopje

B2 Solution со гордост го реализираше проектот за уредување на канцелариите на HTEC Group – најбрзо растечката ИТ компанија во регионот.

Проектот во Скопје опфати комплетно канцелариско опремување со цел создавање модерен, функционален и инспиративен простор за тимот на HTEC Group.

Нашата интервенција вклучи:

  • 1600 m² текстилни подови од Shaw Contract – за удобност и акустична стабилност.
  • 200 m² стаклени преградни ѕидови и 60 стаклени врати од Hoyez PartitionSystems – за транспарентност и модерен визуелен тек.
  • 140 работни столици Joyce – за максимална ергономија и продуктивност.

Со внимателно избрани материјали и опрема, HTEC Group доби работен простор кој го поддржува растот на компанијата, обезбедува удобност за вработените и репрезентативност пред клиентите и партнерите.

По успешно реализираните проекти во Нови Сад и Белград, со задоволство го завршивме и проектот во Скопје, потврдувајќи ја нашата способност да обезбедиме конзистентно и висококвалитетно решение на повеќе пазари.

Со проектот за HTEC Group уште еднаш покажавме дека модерниот дизајн и функционалноста можат да одат рака под рака.