Производи

Reception desk

Рецепцијата игра клучна улога кога е во прашање лобито или фоајето на компанијата, во канцеларии каде што се примаат клиенти, како пулт за информации во океанските простори или како шалтер за информации во амбулантите на докторите или во канцелариите на адвокатските фирми. Нуди топло добредојде на посетителите и претставниците од корпоративниот свет, а истовремено претставува работно место со ергономски способности.

Палетата рецепции од Sedus нуди сѐ што некогаш би ви било потребно, и како таква, може да ги изврши овие две функции до совршенство.

Повеќе информации на следниот линк.

reFrame

Во оваа дигитална ера, нашата зголемена желба за стимулација на сетилата нѐ привлекува кон опипливото. ReFrame се новите ткаени луксузни плочки од винил што допринесуваат за визуелна длабочина и текстура на просторите во кои работиме, учествуваме и учиме. Колекцијата претставува хибридно подно обложување што создава практична, корисна и функционална намена со текстурен изглед, комбинирајќи ја издржливоста на цврстата површина со естетиката на меката површина.

Бескрајни можности ReFrame оживува на подот – со оптичка визуелност која дава чувство и на деликатност и на динамичност. Комбинирајте ја со подлабоката текстура на ReThink ткаените луксузни плочки од винил од Shaw Contract за да додадете моменти на тивка опипливост. Сестраноста на колекцијата поттикнува интеракција и создава визуелни знаци за зонирање, идентитет на брендот или ориентација во просторот.

Повеќе информации на следниот линк.

Relations

Елеганција, висок квалитет, разновидност – Тоа е она за што Sedus Relations палетата на складишни единици се залага. Како единица со цврста основа или како додатна единица, и како комода што изгледа престижно, изгледот на линијата на производи на Relations може да се забележи и преку квалитетот на нејзиниот финиш. Ова може да се искуси уште од првиот пат кога ќе биде отворена, благодарение на беспрекорните лизгачки врати.

Одвнатре нуди голем простор кој може да се користи како систем за пополнување и како фиоки. Многубројни можности за дизајн со извонредни површини и атрактивни бои ги комплетираат можностите од оваа палета на простори за складирање. Дизајн создаден за лидери.

Повеќе информации на следниот линк.

reThink

Нашиот тим за дизајн предложи да го земеме в предвид начинот на кој ги користиме материјалите и како ги градиме подовите, заматувајќи ја границата помеѓу цврсто и меко. Комбинирајќи ја издржливоста на тврдата површина со естетиката на меката површина, ReThink ткаените луксузни плочки од винил претставуваат хибридно подно обложување со корисна и функционална намена и текстилен изглед.

Создадени за перформанс, наслоени за јачина и споени во една цврста површина, ReThink е создадена за да се спротистави на флеки и триење. Финишот од напреден уретан од кварц на ExoGuard™ спречува избледување и создава бариера која што ги спречува флеките и валканиците да навлезат во ткаениот материјал, правејќи го чистењето многу полесно. Стабилизирачкиот комбиниран слој обезбедува целост на производот.

Повеќе информации на следниот линк.

Saddle/Pony Saddle

Ергономските столици. Секоја столица се состои од уникатен триаголен дизајн со контурирано перниче што ви овозможува да седите како на самар. Ваквото седење се препорачува за здрав лумбален дел од кичмата поради тоа што го намалува притисокот на одредени точки и ја зголемува циркулацијата.
Додека традиционалните столици честопати се неудобни, статични и тврди, Freedom ергономските столици го имаат истиот ергономски дизајн како и останатите производи на Humanscale. Резултатот е забавна, разновидна столица што го поттикнува вашето движење, додека истовремено ви нуди удобност и добросостојба на работното место.
• Ергономски дизајн
• Лесна за употреба
• Разновидни решенија
• Долготрајност
• Идеална за медицински установи
• Погодна за бар или пулт
• Нема потреба од монтажа

Повеќе информации на следниот линк.

Se Joy

Порано, работата претставуваше неемоционален начин на заработка за живот. Но денес, таа претставува многу позначаен дел од животот, каде е важно вистински да уживате во она што го работите. Овој развиток се одразува преку канцелариите кои се претворени во простории што нудат поголема слобода, и резултира со дизајн токму како Sedus Se:joy.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: air

Sedus Se: air
https://www.sedus.com/en/products/chairs/seair

Хибридна работна канцелариска столица со лесен дизајн Колку похибридно, поагилно и поиндивидуално станува работењето, толку подинамична и поедноставна треба да биде канцелариската столица – без разлика каде се завршува работата. Во океанските простори, индивидуалните канцеларии и во домашните канцеларии, лесниот и филигрански дизаjн е со сѐ поголема побарувачка. Затоа, леснината на работното место сега носи ново име: se:air

Кога леснината се среќава со удобноста
Со se:air ќе немате никаков проблем да останете смирени и сконцентрирани. Se:air е создадена без класичниот целосен тапацир. Наместо тоа, таа поседува воздушнопропустлива мрежеста мембрана во самото седиште и наслонот за грб, на тој начин овозможувајќи комфор. Различните седечки положби и движења се оптимално поддржани благодарение на аголот на движење на цврстината во мембраната. Акумулира топлина кај точките на притисок, па затоа болките и лизгањето во седиштето се спречени со леснотија.
*Агол на отворање: 18 (со опција за закочување)
* Опционално: лубална поддршка што се подесува во висина
* Ротирачки и подвижни перничиња со ефект на „лебдење“
* Наслон за раце што се подесува во висина
* Седиште што се подесува во висина
* Наслон за грб со опција за закочување

Механизам наменет за минималисти

Со se:air се исполнети и најкритичките барања за една работна канцелариска столица: голема слобода во движењето, ергономско седење и целосен комфор. Патентираниот „Kinetic Swing“ механизам автоматски ја утврдува тежината на корисникот. Како последица на тоа, самиот корисник нема потреба да се грижи за индивидуално подесување на самата столица. Висината на седиштето и мултифункционалните наслони за раце можат рачно да се подесат токму за таа намена. Принципот е едноставен: само седнете и започнете со работа.
Монохроматски дизајн Se:air е достапна во пет различни бои

Повеќе информации на следниот линк.

Se: do

Сите луѓе се различни. Во различни форми и големини и со различни преференции. Современите начини на работа како паметното работење или нетериторијалните концепти за простор, каде што различни индивидуи делат едно работно место, имаат потреба од флексибилен канцелариски мебел. Se:do канцелариската столица ги задоволува сите потреби. Благодарение на ергономската разновидност, може многу брзо и лесно да се адаптира на новите корисници, и претставува идеален избор за работни места со повеќе корисници и океански простори. Високото ниво на комфор и различниот дизајн се она што ја прават Se:do истакнат тимски член за сечија почит.

Дизајн: Rüdiger Schaack (Sedus тим за дизајн)

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Do visitor chair

Хармонично дизајнирана столица за посетители и состаноци
Столицата за посетители го презема различниот и дискретен дизајн на Se:do, со цел лесно да може да се вклопи во канцелариите, вежбалните или чекалниците. Целосно се прилагодува на сите простории: футуристичкиот дизајн и квалитет лесно може да се прилагоди на промена на просторот. Se:do столицата за посетители е достапна во дизајн со четири ногарки или како санка и може опционално да се додадат и наслони за раце.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: dot

Универзална столица
Канцеларијата претставува центар на лична размена, како и централна локација за планирани и неформални состаноци. Класичните работни места повеќе не се карактеризираат со бироа и работни канцелариски столици; напротив, работните места во денешно време доаѓаат во комбинација со елементи што оддаваат чувство на дом и нудат чувство на добросостојба. Како универзална столица, se:dot се вклопува во било кое работно место – во работилници, простори за релаксација, чекалници. Оваа универзална столица се истакнува благодарение на удобното седиште и плени со својот удобен изглед.
Разнобојна
Лесните столици создаваат пријатна атмосфера и овозможуваат нови пристапи за дизајн на канцеларијата. Корпоративните бои можат многу лесно да се истакнат преку se:dot – широката палета на бои и материјали го овозможува тоа.
Лесна и флексибилна
Благодарение на минималната тежина, se:dot е лесна за носење и може флексибилно да се поместува. Материјалот против лизгање од внатрешната страна овозможува и нуди цврста основа за време на седењето.
Одржлива
Картон, анатомски обликувана пена, дрвена плоча, прекривка и кожена рачка за носење: Бидејќи se:dot се состои од само неколку компоненти, истата може да биде расклопена за рециклирање според соодветниот вид.
Верзии и модели
– Хармоничен, органски дизајн
– Можност за дизајн во две бои
– Кожена рачка за носење од страна
– Материјал против лизгање во внатрешноста
– Две големини што нудат разновидност кога се поставени во комбинација

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Fit

ВИСОКА СТОЛИЦА ЗА АКТИВНО РАБОТЕЊЕ

Внесете поголема подвижност во канцеларијата. Високата работна столица стимулира „стоечко“ седење за пофлексибилно работење.

Подвижноста не е добра само за телото. Движењето го стимулира и умот. Со Se:fit, Sedus создадоа сестрано високо седиште што ги охрабрува корисниците да се движат. Исто така, овозожува агилно седење и наслонување. Se:fit може без никаков физички напор да се подесе во висина и лесно може да се помести за рачката без разлика дали е поставена покрај високо биро, работна маса или на места каде што е задолжително стоечкото седење.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Flex

Работна канцелариска столица за работни места со повеќе корисници.
Sedus Se:Flex е неизоставен дел од работните места на кои преовладуваат поголем број корисници. Благодарение на паметниот автоматски систем за тежина, нуди можност автоматски да се прилагоди на сите корисници. Истовремено, наслонот за грб го следи секое движење на корисникот, што резултира со максимална слобода во движењето и правилно седење во сите позиции.

Повеќе информации на следниот линк.