Производи

Joyce

Флексибилна работна столица со силен карактер која ги става потребите и преференциите на корисниците на прво место. Нуди бројни опции за да создаде посебни комбинации од верзии со наслони за грб, тапацир и дизајни во боја. Со својата извонредна разновидност, JOYCE создава простор за оптимален перформанс – исто така додава елемент на забава додека ја одбирате вашата комбинација од соништата.

Повеќе информации на следниот линк.

Kay4

Колекција на канцелариски бироа што се карактеризира со едноставни, но важни одлики.

Различниот елемент е структурата, современа и минималистичка, со коцкасти ногарки и вдлабната површина споена со надворешната рамка. Стилски детал што дава уште поголема елеганција и отменост на самото биро. Естетска чистота и формална редукција.

Линеарниот облик на оваа палета е забележлив преку нејзините материјали: контрастот помеѓу едноставната структура и карактерот и одликите на површината од дрво или стакло.

Финиш на работните површини со пријатни и топли дрва или модерни стакла.

Повеќе информации на следниот линк.

Keyboard Systems

Држачот за тастатура на многу начини е срцевината на едно ергономско работно место. Бидејќи држењето на телото зависи од опсегот на дофат и визуелното поле, нашиот држач за тастатура ви овозможува да седите во здрава, неутрална положба преку приближување на тастатурата и маусот во ергономска позиција. Држачот за тастатура со извонреден дизајн спречува развој на карпал тунел синдром, болки во вратот и грбот и други мускулоскелетни проблеми. Уште од далечната 1999 година, Humanscale е водечки производител на држачи за тастатури вградени под бирото, и денес продава поголема количина од сите останати производители заедно.

Лесна употреба
Патентираниот систем на Humanscale за држачи на тастатури нуди лесно прилагодување на висината и аголот. Тастатурата нема опција на позитивно навалување, напротив се фаворизира негативното навалување поради што аголот на зглобот останува во неутрална позиција.
Долготрајност
Држачите за тастатура на Humanscale се цврсто прикачени за секоја работна површина и се прилагодуваат на специфичните потреби на корисникот. Хипоалергенското перниче за дланки дава висина и нуди долготрајност, а е дизајнирано со цел да биде компатибилно со човечката кожа.
Прилагодување
Humanscale нуди три системи на негативно навалување на тастатурата, од 5G, до нашиот најнов 6G, кои го комбинираат лесното навалување и прилагодување на висината на тастатурата со најјакиот и најстабилен држач на пазарот. Држачите за тастатура на Humanscale се достапни со различни конфигурации, вклучувајќи ја опцијата за поставување на лева или десна страна во зависност која рака ја користи корисникот на тастатурата.

Повеќе информации на следниот линк.

KINO ACOUSTIC OBJECTS

Kinô акустичниот панел за просторно одделување е достапен во две конфигурации: единечен панел (1180×1800 мм) или сет од три панели (375×1180 мм) составени од влакна од полиестер.
За дизајни по нарачка, димензиите на Kinô акустичниот панел за просторно одделување можат да бидат приспособени до следните димензии: максимална ширина = 1180 мм / максимална висина = 2600 мм
Сите побарувања за адаптација, димензии и/или форма, мора прво да бидат предмет на консултација и техничко одобрување.

Повеќе информации на следниот линк.

Kino Screen

Лесна, номадска и елегантна, Kinô акустичната преграда претставува комбинација од неколку вредности. Акустична, ефективно го намалува одбивањето на бучавата и звукот. Достапна во неколку форми и финиши, ги оформува
и ограничува просторите. Создаден од рециклирани пластични шишиња, овој производ од полиестер може 100% да се рециклира… тоа е огромен бенефит за нашата околина! За дизајни по нарачка, димензиите на Kinô преградите можат да бидат приспособени до следните димензии: максимална ширина = 1100 мм / целокупна висина (преграда + ногарки) максимум = 1800 мм (без ризик од превртување) Сите побарувања за адаптација, димензии и/или форма, мора прво да бидат предмет на консултација и техничко одобрување.

Повеќе информации на следниот линк.

Kino Totem

Kinô акустичниот тотем се состои од панели од 24 влакна од полиестер, поставени врз дрвена основа. Достапни се во форма на цилиндар или во форма на цвет од лале, и може опционално да се опремат со мек и притулив систем на растегнување за да се овозможи дополнителен акустичен комфор.
Сите побарувања за адаптација, димензии и/или форма, мора прво да бидат предмет на консултација и техничко одобрување.

Повеќе информации на следниот линк.

Liberty

Ергономска работна столица од светски ранг и минималистички шарм, Liberty е синоним на разновидност и во стилот и во функциите. Наслонот за грб е изработен од специјална мрежа која ги детектира вашите точки на притисок,но во исто време ви нуди слобода во движењето.

• Истенчената естетиката на Liberty одговара на секој простор, и како нејзина главна карактеристика е трипанелната мрежа која покрај што изгледа убаво и е удобна за седење..
• Hands-free наслонот за грб ве следи додека се движите и на тој начин обезбедува постојана заштита на лумбалниот дел во било која позиција.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја продадена Liberty столица активно помага во намалувањето на штетата од климатските промени.
• Импресивна 15 годишна гаранција.

Повеќе информации на следниот линк.

Liberty Side Chair

Liberty Side столицата од дизајнерот Ниелс Дифриент е направена од истата мрежа за наслон на грбот која се прилагодува на формата на телото како и Liberty Task столицата, што овозможува индивидуална ергономска поддршка за секој корисник, додека истовремено плени со својот минималистички шарм. Лесните, рециклирачките и долготрајните компоненти ја прават оваа столица еко-пријателска и стилски убава.
• Подвижниот наслон за грб нуди нежно наслонување и го следи движењето во текот на денот.
• Минималистичкиот дизајн е создаден за да се комбинира со Liberty Task столицата и претставува одличен додаток на било која канцеларија или современа работна просторија.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја Liberty Side столица има позитивно влијание врз животната средина.

Повеќе информации на следниот линк.

Lineal | Acoustic door

Акустична врата
КАНЦЕЛАРИСКА ВРАТА СО СВЕТЛА РАМКА ОД АЛУМИНИУМ

Врата со рамка од алуминиум, дизајнирана од Hoyez што ги руши рекордите за звучна изолација, притоа се карактеризира со цврстина и леснина.
Lineal вратата има застаклен склоп со рамка од двете страни, заедно со профили дебели 76мм.
Оваа широчина на профилите дава сигурност дека вратата е совршено цврста и во поголеми висини (до 2950мм), додека сѐ уште нуди гладок и елегантен дизајн.

Повеќе информации на следниот линк.

Living Systems

Observe, Respond, Transform

Зачекорете во простор дизајниран да ги побуди, развие и ревитализира сетилата. Регенеративниот дизајн влијае врз оваа системска колекција од органска и текстурна естетика. Колекцијата Living Systems нуди топло и холистичко искуство на местата во кои работиме, учиме и соработуваме.

Обоена од природата Колекцијата вклучува седум различни стилови на подни облоги, во три различни шари. Observe, Respond и Transform нудат целосна неутрална палета. Observe Colour, Respond Colour и Transform Colour вметнуваат спектар од живописни и јарки бои. Endless – јарка, речиси цврста подна облога, беспрекорно ја соединува целосната палета на оваа колекција.

Повеќе информации на следниот линк.

Lung Screen

A different finish in a fabric other than those offered by myO is possible after validation of the technical and dimensional characteristics.
The fixing kits can be adapted according to your installation constraints.

More info on the following link.

M/Connect™ 2 Docking Station

Ви го претставуваме M/Connect 2 – нашата нова УСБ докинг станица на која може да се уклучат УСБ Ц и Thunderbolt лаптопи, а истовремено има УСБ 3.0 приклучок. Ова нуди универзално решение за време на премин од УСБ 3.0. M/Connect 2 може да се интегрира во било кој држач за монитор на Humanscale или независно да се прикачи на бирото без држач. Иновативната split dock технологија на M/Connect 2 овозможува сите кабли да бидат поврзани под бирото, а не на површината на работното биро што ја намалува пристапноста до конекциите кои не му се потребни на корисникот. Лесно достапната станица на бирото му овозможува на корисникот брз пристап до приклучоците за податоци, за полнење и аудио.

Универзално решение
Компатибилноста со УСБ тип Ц, УСБ 3.0 и „Thunderbolt“ овозможува универзално решение за да ги приклучите сите ваши уреди.

Разновидно полнење
M/Connect 2 има седум УСБ приклучоци за податоци и полнење, вклучувајќи два 2.4A Тип A приклучоци за брзо полнење и еден 3A Тип Ц приклучок за брзо полнење.

Подобрена резолуција
Поддржува 4K видео резолуција за до два монитори.

Модуларен дизајн,
Лесно за одржување. Горниот капак лесно се отстранува и нуди можност за поправки и ажурирања без да има потреба од размонтирање на држачот за монитор.

Повеќе информации на следниот линк.