Производи

Axiom

Axiom е рецепција што се карактеризира со високопрепознатливи и јасни линии. Рецепцијата е модуларна, со заоблени (внатрешни и надворешни) и прави елементи.

Производот се состои од предни панели во различни финиши како алуминиум, венге, избелен даб или јавор (заоблените елементи можат да бидат само од алуминиум), шалтерски површини, странични панели или бочни полици од венге, избелен даб или јавор, површини во песочен, чисто-бел или проѕирен стаклен финиш.

Повеќе информации на следниот линк.

Baguette

Рецепцијата е достапна во две големини, со длабочина од 60цм и 80цм, за да ги задоволи просторните потреби. Високата флексибилност и модуларност се две цврсти точки со кои се одликуваат рецепцијата Baguette, што произлегуваат од комбинацијата на Pop Easy, Square, Ace и Woody бироата, чии вертикални панели со висина од 110цм и странични елементи за поартикулирани состави се поправени.

Стуктурниот краен панел целосно го затвора работното место и е достапен во две длабочини: 62цм и 82цм.

Повеќе информации на следниот линк.

Ballo

Ballo is a dynamic multipurpose stool designed with Don Chadwick to encourage movement and actively engage you while working at home or in the office. Its compact central column & lightweight air domes provide ergonomic support and allow easy transport for spontaneous use.

Ballo е динамична, повеќенаменска столица дизајнирана заедно со Дон Чадвик, и која има цел да го овозможи движењето и активно да ве ангажира додека работите од дома или од канцеларија. Компактната централна оска и лесните, воздушни куполи ви нудат ергономска поддршка и ви овозможуваат лесно спонтано преместување.
• Ballo нуди забавна продуктивност при соработки и краткотрајни задачи кои се обавуваат со седење.
• Создадена од нелизгачки TPV материјал, столицата истовремено е долготрајна и лесна за чистење.
• Со само 6.1 килограми, Ballo лесно се складира и поместува.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја произведена Ballo столица помага активно да се намали штетата врз климата..
Забавна продуктивност
Ballo го комбинира функционалниот иновативен дизајн со забавната употреба на една топка за вежбање. Основата со противтежа помага Ballo да остане исправена за стабилно движење и лесно складирање. Резултатот претставува повеќенаменска столица што им овозможува на корисниците да се движат со леснотија.
Лесна и флексибилна
Бидејќи тежи само 6.1 килограми и има вградено рачки за кревање, Ballo е совршеното решение за секој простор каде краткотрајното седење и флексибилноста се приоритет. Ова е идеалната повеќенаменска столица за простори во кои се вршат соработки, состаноци, кафетерии, рецепции, како и за традиционални работни места и домашни канцеларии.
Долготрајно решение
Ballo е дизајнирана да трае долго. Класичниот дизајн и долготрајните материјали ја прават Ballo вредна инвестиција за секој простор. Направена од нелизгачки TPV материјал, симетричната горна купола на Ballo е лесна за чистење, а компактната форма го олеснува складирањето.

Повеќе информации на следниот линк.

Black Dot Air

РАБОТНА КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА СО 3Д ВПЛЕТЕН ТАПАЦИР
Благодарение на непогрешливиот изглед и импресивиот комфор, Black Dot столицата веќе долго време претставува Sedus класика. Новата Black Dot Air беспрекорно се вклопува во семејството и се покажа како нова, иновативна верзија на овој уникатен дизајн. Со својот оригинален 3Д вплетен тапацир – AIR KNIT – што ја нуди идеалната симбиоза на 3Д технологијата и модерниот изглед, Black Dot Air загарантирано ќе ве импресионира уште на прв поглед.

Повеќе информации на следниот линк.

Brainstorm

КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА СОСТАНОЦИ, СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ
Во современата глобализирана економија, знаењето е нашиот продуктивен капитал. Знаење кое треба да се надоградува, споделува и разменува, за да можеме да се развиваме. Sedus Brainstorm е создадена за да креира идеални услови за овие процеси. Разновидната, флексибилна палета на мебел и додатоци поттикнува пренесување на знаењето, тимска работа и работа со проекти во рамките на компанијата на свој сопствен и уникатен начин. Со користење на интелигентна функционалност, охрабрува комуникација.

Повеќе информации на следниот линк.

Charisma 4.0

Charisma 4.0 е новата луксузна колекција од Styloffice, историско име што нам ни носи огромен успех, континуирано продолжува со нова линија од едноставни и цврсти форми, топла и пријатна атмосфера и современо живеење.

Дизајн и боја уште при првиот допир.

Се карактеризира со есенцијалната палета од бироа и додатни делови, комплетирана со фиоки во ист дизајн, и сензационален финиш од орев, бело дрво, светло-сива, цемент-сива боја, избелен даб.

За специјални проекти, достапни се многубројни видови на дрво за финиш, со цел да ги задоволат сите потреби и барања, од оние на архитектите до внатрешните дизајнери.

Повеќе информации на следниот линк.

Cinto

Стилот, удобноста и употребливоста одат заедно со Cinto, канцелариска столица која може да се реди една врз друга и која го крши правилото број еден кога станува збор за ваква категорија на столици: таа е удобна! Како и другите ергономски работни столици на Humanscale, и Cinto е креирана да го поддржи човековото тело преку намалување на точките на притисок и неудобноста.
• Вградената рачка ја прави лесна за преместување и складирање. Дури 6 Cinto столици можат да бидат наредени една врз друга, или до 15 со опционалното Cinto Dolly.
• Иновативниот потпирач за грб овозможува наслонување и автоматско прилагодување за лумбална поддршка, плус седиштето е така дизајнирано за да еднакво ја распоредува тежината со цел да се намали намали притисокот.
• Cinto има одлично, позитивно влијание врз природата и околината, и е сертифицирана од страна на Net Positive, GREENGUARD и Level®.
– Може да се реди една врз друга
– Стил, удобност и употребливост
– Еколошки совесна

Повеќе информации на следниот линк.

Cloud

Клуб-масата Cloud е создадена од две различни кружни површини и три ногарки, ласерски пресечена од челична плоча. Помалата површина е поврзана преку систем од магнети и може да биде наместена во различни позиции.

Формата што потсетува и наликува на облак овозможува различни конфигурации со цел да понуди различни функции и да задоволи различни потреби: се истакнува со своите јасни и концизни линии и нејзината флексибилност за домашни и надворешни корисници. Достапна е во две висини.

Повеќе информации на следниот линк.

Code

Удобен и флексибилен систем за седење, погоден за секој простор благодарение на бесконечните синтактички можности.

CODE идентификува естетско-формален код од едноставни геометриски знаци кои ја сочинуваат азбуката на неформални седишта: табуретки и поголеми седишта збогатени со наслони и вградени маси.
Повеќе информации на следниот линк.

CPU Holders

Држачите за процесори на Humanscale нудат безбедно и сигурно складишно решение за вашата технологија. Без разлика дали се со тркалца или на лизгање, нашите држачи ви го олеснуваат пристапот до каблите, приклучоците и дисковите на вашиот главен процесор, додека истовремено нудат значителна заштеда на просторот со тоа што ќе го тргнете главниот процесор од бирото.
• Thin Client
• CPU200
• CPU600

Повеќе информации на следниот линк.

Crossline

Оваа извонредна канцелариска столица е производ на блиска соработка помеѓу научници, инженери и дизајнери, со цел да создадат оригинален и неконвенционален систем за седење кој се движи во совршена синхронизација со човечкото тело. Оваа цел е достигната преку користење на патентираниот „Similar-Plus“ механизам и на иновативниот дизајн за наслон на грбот. Уникатната функционалност ја дефинира уникатната естетика на оваа столица, која може да се увиди преку уникатната структура за поддршка на грбот во форма на крст, по кои се именувани моделите на Sedus Crossline.

Дизајн: Markus Dörner (Sedus тим за дизајн)

Повеќе информации на следниот линк.

Desert Lights

Пронајдете ги одразите и текстурите на античките песоци тука, заживеани со „cut and loop“ технологијата која нуди прецизност, детали и скулптурна текстура. Tailor Tuft за уникатна контрола со цел да се создадат простори кои на крајот им дозволуваат на луѓето да се опуштат. Со дваесет и една шара по нарачка на скулптурна текстура и висока дефиниција што ниту еден друг производител не може да ја понуди, Desert Lights нуди поглед издлабен од природата кој ќе ве остави без здив.

Боите на пустината
Палетата од бои за Tailor Tuft делот од колекцијата се состои од две црвени нијанси, една сива и една светла и неутрална. Нуди драматичен изглед и го одразува главниот концепт на југозападот на црвената пустина во Америка.

Повеќе информации на следниот линк.