
Производи
Филтрирај по категорија
Прикажувам 121–132 од 166 резултати
Se:cube max
Соба во соба – модули
Софистираниот систем на соба-во-соба на Se:cube Max одлично го надополнува семејството производи на Se:cube и нуди изолиран простор за состаноци, работилници и видео конференции. Независната Se:cube Max исто така може да се користи и како единечна или двојна канцеларија во океанските простори. Системот соба-во-соба без дно не е поврзан со структурата на зградата, така што може да биде поставен врз површини со вградено подно греење.
Достапни се различни видови и големини на Se:cube Max. Страната на која се наоѓа вратата е секогаш застаклена. Како додаток, уште една или две други страни можат да бидат застаклени.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:lab boards
БЕЛА ПРЕНОСНА ТАБЛА ЗА ПРЕТОЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ИДЕИ
Sedus Se:lab таблите се лесни, преносни бели табли што можете да ги носите насекаде, притоа поддржувајќи го агилното работење. Двете страни на белата табла имаат магнетска површина за пишување, која исто така е погодна и за самолепливи ливчиња. Se:lab таблите се достапни во две величини и можат да се користат на работни места, работилници или спонтани состаноци.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:lab e-desk
Како работна маса со опции за подесување во висина, Se:lab е-бирото нуди прагматични решенија и се фокусира врз наизменичност помеѓу седечка и стоечка позиција. Благодарение на дизајнот и кружните моторични ногарки, бирото може хармонично да се комбинира со останатите Se:lab производи.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:lab fold
БИРО НА СКЛОПУВАЊЕ ШТО ЗАШТЕДУВА ПРОСТОР, ПОГОДНО ЗА РАЗЛИЧНИ РАБОТНИ СРЕДИНИ
Безвременско дизајнираната маса на склопување е сестрана и е наменета за различни работни средини. Овозможува набрзина да креирате нов простор или да го реорганизирате веќе постоечкиот. Благодарение на својот механизам кој се расклопува и опционалната (лесна) табла, бирото е особено лесно за склопување и заштедува простор. Како опција, Se:lab Fold е достапна и во дизајн со тркалца, што се речиси незабележливи и се елегантно вметнати на дното на ногарките. За да го поместите бирото, едноставно подигнете една страна и турнете. Исто така, ногарките на расклопување овозможуваат заштеда на просторот за дури дванаесет бироа.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:lab high desk
КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА ПОГОЛЕМА РАЗДВИЖЕНОСТ
Sedus Se:lab (high desk) масата претставува комбинација од сите предности на концептите на современите високи маси: идеален избор за агилна тимска работа, или како комуникативно место за среќавање. Со висина од 900мм, охрабрува спонтани промени на поставеноста на р’бетот, што може позитивно да влијаат врз здравјето и креативноста. Опремени со тркалца, Se:lab (high desk) масите лесно се преместуваат, па затоа се совршено соодветни за инкорпорација во централните канцелариски зони и кафетериите на работното место.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:lab tableboard
РАБОТНА МАСА СО ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ФУНКЦИОНАЛНОСТ
Se:lab Tableboard е биро што е совршено адаптирано за потребите на модерните канцелариски концепти и овозможува динамично работење. Станува збор за моторизирана, мобилна маса со опции за подесување во висина. Лесно се расклопува и складира со цел да заштеди простор благодарение на работната површина што се преклопува. Идеален избор за активни работни места. Вертикално подвижната работна површина може да служи и како табла за пишување, како додаток на стандардната боја на меламинот. Ова го претвора бирото во практична (бела) табла за пишување за миг.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:lab work desk
ЕДНОСТАВНО БИРО ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА
Без разлика дали станува збор за поединечно или конференциско биро, Se:lab Work бирото ветува лесно и флексибилно работење. Четириножното биро со својот модерен дизајн може да се користи во различни работни околности и средини, речиси секаде. Опционалните тркалца овозможуваат слободно преместување низ целата просторија.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:note
МИНИМАЛИСТИЧКА РАБОТНА МАСА СО MONOBLOCK ДИЗАЈН
Како е можно брзо и лесно да се набави мебел за прес конференции, работилници или саеми? Каков вид на мебел е доволно флексибилен за краткотрајни состаноци? Se:note претставува совршен и вистински избор секогаш кога имате ограничено време и имате потреба од спонтаност. Микро работниот простор, што е максимално редуциран, не бара никакви дополнителни подготовки. Оваа работна маса е секогаш подготвена за користење: само поставете ја и започнете со работа.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:wall
Преградни ѕидови и панели
Комуникативните океански простори, тимското работење и поинтензивната употреба на просторот ја карактеризираат еволуцијата на денешниот просторен свет. Сепак, овие фактори честопати се во конфликт со основните потреби на многумина. Луѓето имаат потреба од тишина за да можат да се сконцентрираат со цел да работат продуктивно.
Со Se:wall мулти-функционалниот и ефективно акустичен систем од преградни ѕидови и панели, комуникацијата и концентрацијата можат да бидат оптимално обновени. Со својот гладок и визуелно светол дизајн, хармонично се вклопува со изгледот и уредувањето на канцеларијата и ги користи своите практични функционалности за да ја олесни организацијата на работното место.
Повеќе информации на следниот линк.
Se:works table
Во денешно време можете да работите на било кое место. Но, кратките разговори со колегите, разменување идеи и пронаоѓање инспирација, искусување на чувството на заедништво и развивањето на општа култура – тоа е возможно само со директен пријателски контакт во опуштена средина. Местата опремени со софи претставуваат идеални места за средби.
Висината на индивидуалните Se:work маси е дизајнирана за да поттикне правилна ергономска поставеност на ‘рбетот додека работите седејќи на софа. Достапни се во форма на четириаголник или во кружна форма, со два различни дијаметри, работна површина од меламин или дрво, како и со црна или бела основа.
Повеќе информации на следниот линк.
Secretair
Личната секретарка е повторно тука – преработена за да се адаптира на модернизмот и истовремено плени со својата елеганција. Sedus Secretair претставува сестрана, мобилна работна површина за привремено работење и се истакнува благодарение на нејзиниот лесен и едноставен изглед. Свежиот дизајн и висококвалитетните материјали овозможуваат приватност и чувство на домашен амбиент. Sedus Secretair претставува пријатно и примамливо место за луѓето што имаат потреба од простор каде внимателно ќе се фокусираат на работата, а истовремено ќе се чувствуваат како дома.
Повеќе информации на следниот линк.
Sedus Mobile power supply
Флексибилен адаптер со приклучоци за електрична енергија
Решенијата за независно полнење на уредите се особено важни во средина со динамично работење – на пример, за време на конференции, во простории наменети за проекти или работилници. Со подвижниот адаптер со приклучоци, вие можете многу лесно и многу брзо да го поврзете вашиот мобилен телефон, лаптоп и компјутер во приклучок за електрична енергија. Четирите приклучоци се вградени во подвижен држач направен од рециклирани материјали. Како резултат на тоа, овој адаптер можете многу лесно и флексибилно да го донесете на работното место.
Верзии и модели
* Адаптерот со 4 приклучоци е достапен во три верзии. Поседува држач за кабел и кабел долг 5м.
* Основата и држачот за кабел се достапни во следните бои: бела, алуминиум-бела, црна, јарко-црвена, маслинеста и песочно-кремава.
Повеќе информации на следниот линк.