
Производи
Филтрирај по категорија
Филтрирај по бренд
Прикажување на сите 10 резултати
Active
Атлетските текстури се истакнуваат во нашиот физички постор, емитувајќи цврста и храбра енергија и графичко движење. Во процесот на нашето дизајнирање, бевме понесени од енергичното живеење и балансираната благосостојба.
Топлите шари и светлите тонови создаваат моменти на соработка, пренесувајќи го фитнесот на подот.
Повеќе информации на следниот линк.
Auxiliary
Инспирирана од прелевањето на природата – танцувањето на брановите на брегот, прелевањето на промените на боите на сезоните – со новата колекција подни облоги на Auxiliary од Shaw Contract, можете да создадете прекрасни транзиции во вашиот секојдневен ентериер.
Со три различни стилови: Complement, Detail и Feature, во беспрекорна заедничка комбинација, можете да воведете бои и суптилни и нежни шари за да постигнете уникатни и стилски подни дизајни.
Повеќе информации на следниот линк.
Desert Lights
Пронајдете ги одразите и текстурите на античките песоци тука, заживеани со „cut and loop“ технологијата која нуди прецизност, детали и скулптурна текстура. Tailor Tuft за уникатна контрола со цел да се создадат простори кои на крајот им дозволуваат на луѓето да се опуштат. Со дваесет и една шара по нарачка на скулптурна текстура и висока дефиниција што ниту еден друг производител не може да ја понуди, Desert Lights нуди поглед издлабен од природата кој ќе ве остави без здив.
Боите на пустината
Палетата од бои за Tailor Tuft делот од колекцијата се состои од две црвени нијанси, една сива и една светла и неутрална. Нуди драматичен изглед и го одразува главниот концепт на југозападот на црвената пустина во Америка.
Повеќе информации на следниот линк.
Dye Lab
Shaw Contract повторно ѝ се наврати на иконската колекција Dye Lab со обновена и подобрена палета, еволвирана со интензивно јарки нијанси, помеки нијанси и поширока палета од неутрални тонови. Dye Lab подните облоги црпат инспирација од природните бои, вклучувајќи ги глинесто-црвена, жолтеникаво-портокалова, сандалово дрво и кобалтно-сина, и ги имитира прелевањата на боите доловени преку природно обоен текстил, создавајќи елегантен и непредвидлив изглед. Dye Lab нуди луксузна интимност или масовна смелост на просторите во кои работиме, се одмораме и се сретнуваме.
Го предизвикавме традиционалниот процес на боење и создадовме иновативен пристап кој ги имитира античките техники на миење и боење преку диплење и виткање ткаенина. Резултатот на произведувачкиот процес на Dye Lab ѝ дава уникатна длабочина на бојата со случајни уметнички нијанси, прогресирајќи од светли до јарки – несовршена убавина, во хармонија со природниот свет.
Повеќе информации на следниот линк.
Floor Architecture II
Floor Architecture II е инспирирана од чинот на соединување на формите на природниот камен, брусен бетон, мали камчиња и чакал. Оваа EMEA-дизајнирана колекција се базира врз приказната за пресекот помеѓу природата и она што е создадено од човекот: под влијание на материјалите, површините и човечките интервенции кои потоа сакаме да ги воведеме.
Floor Architecture II нуди вредност и софистициран дизајн; Stone и Fragment додаваат едно повисоко ниво на внатрешно-уредените средини. Stone и Fragment се достапни со поддршката и помошта на нашиот ComfortWorx™. ComfortWorx™ е нашиот нов систем за поддршка на EMEA кој нуди решенија и за акустичен комфор, но и за комфор при движењето.
Повеќе информации на следниот линк.
Living Systems
Observe, Respond, Transform
Зачекорете во простор дизајниран да ги побуди, развие и ревитализира сетилата. Регенеративниот дизајн влијае врз оваа системска колекција од органска и текстурна естетика. Колекцијата Living Systems нуди топло и холистичко искуство на местата во кои работиме, учиме и соработуваме.
Обоена од природата Колекцијата вклучува седум различни стилови на подни облоги, во три различни шари. Observe, Respond и Transform нудат целосна неутрална палета. Observe Colour, Respond Colour и Transform Colour вметнуваат спектар од живописни и јарки бои. Endless – јарка, речиси цврста подна облога, беспрекорно ја соединува целосната палета на оваа колекција.
Повеќе информации на следниот линк.
Mobile pedestal
Sedus Mobile фиокарите можат да бидат корисни на многубројни места во канцеларијата. Со нивните различни карактеристики и прилагодување, можат да се користат како флексибилен складишен простор или како практичен мебел, додека нивната висина значи дека тие се погодни и за просторно одделување, како комуникациски елементи или за стоечки работни места.
Достапни се и со лизгачки врати и повисок заден панел кој вклучува функционална шина како стандард.
Повеќе информации на следниот линк.
Mobile, desk & technical pedestals
Pedestal палетата нуди многу повеќе од само обичен простор за складирање. Овој интелигентно дизајниран и високо флексибилен систем помага во секојдневното работење во канцеларијата, но исто така помага да се обезбеди опримизиран и ефикасен работен тек. Мобилните фиокари и фиокарите со висина на биро се достапни во неколку висини.
Можат да бидат сместени под биро, позиционирани од страна или да се користат низ целата канцеларија. Нивните многубројни опции за дизајн значи дека тие совршено се вклопуваат во сите канцелариски ентериери; од класично елегантен стил до посовремен изглед.
Повеќе информации на следниот линк.
Simply by Nature
Инспирирана од чудата на надворешниот свет, колекцијата Simply By Nature нуди органски шари и меки текстури во просториите во кои работите и се поврзувате. Како вдишување чист воздух, оваа природно инспирирана колекција носи убавина и спокој во секоја просторија. Со својата палета од земјени тонови совршено се вклопува со разновидна естетика, давајќи му разновидност на внатрешниот ентериер.
Секоја облога има мерка 50 x 50цм. Styles Array, Offset и Structure се достапни во 10 бои. Arrange е достапна во 14 бои. Нашите производи на No Rules можат да бидат поставени во било која конфигурација што ќе ја одберете, нудејќи олеснета инсталација и едноставна замена по потреба.
Повеќе информации на следниот линк.
Tall pedestals
Без разлика дали станува збор за канцеларии со океански простор со bench работни маси или станува збор за мали канцеларии со единечни бироа, Sedus Tall фиокарите со додатни единици нудат максимален личен складишен простор со максимална функционалност. Достапни се во три варијанти – високиот фиокар со 3 вградени висини; фиокарот со димензии во висина на биро и комбиниран фиокар со додадена полица.
Sedus Tall Pedestal фиокарите со додатни единици се достапни со неколку различни ентериери и можат да бидат дополнети со широка палета на додатоци по личен вкус.
Повеќе информации на следниот линк.