Производи

Code

Удобен и флексибилен систем за седење, погоден за секој простор благодарение на бесконечните синтактички можности.

CODE идентификува естетско-формален код од едноставни геометриски знаци кои ја сочинуваат азбуката на неформални седишта: табуретки и поголеми седишта збогатени со наслони и вградени маси.
Повеќе информации на следниот линк.

Crossline

Оваа извонредна канцелариска столица е производ на блиска соработка помеѓу научници, инженери и дизајнери, со цел да создадат оригинален и неконвенционален систем за седење кој се движи во совршена синхронизација со човечкото тело. Оваа цел е достигната преку користење на патентираниот „Similar-Plus“ механизам и на иновативниот дизајн за наслон на грбот. Уникатната функционалност ја дефинира уникатната естетика на оваа столица, која може да се увиди преку уникатната структура за поддршка на грбот во форма на крст, по кои се именувани моделите на Sedus Crossline.

Дизајн: Markus Dörner (Sedus тим за дизајн)

Повеќе информации на следниот линк.

Diffrient Occasional

Diffrient Occasional е повеќенаменска столица што може да се реди една врз друга и која е погодна за различен вид на групи и канцелариски услови. Цврстиот, линеарен наслон за грб направен од нерастеглива мрежа создава тридимензионална форма – приспособувајќи се на вашето тело како одело по мерка.

• Diffrient Occasional може да се прилагоди за да одговара на ергономските работни столици Diffrient World, Diffrient Smart или Liberty.
• Наслоните за раце направени од уретан се заштитени од оштетувања, без разлика колку често столицата се реди една врз друга или се поместува.
• Мрежата која е осетлива на контурите на телото создава комфор за секој корисник индивидуално.

Diffrient Occasional се прилагодува на формата на вашето тело. Една од препознатливите карактеристики се професионално залемените спојки кои создаваат визуелно целосна рамка на столицата што ја прават Occasional погодна за сите канцелариски и домашни средини. Може да се конфигурира за да одговара со нашите Diffrient Smart, Diffrient World или Liberty работни столици за еден надополнувачки и одмерен изглед.

Повеќе информации на следниот линк.

DNA

Инспирирани од динамичните форми на биогенетиката, италијанските архитекти и дизајнери Дебора Мансур и Леонардо Росано ја создадоа DNA клупата.

Резултатот од овој систем е волшебно парче мебел, обликувано по форма на спирала, во која секој завршен дел создава индивидуално седиште за корисникот. Исто така, DNA е достапна во верзија со тапацирана кожа или ткаенина. Благодарение на нејзината прилагодливост и извонредно занаетчиство, DNА е совршениот додаток за гостопримливост како во приемниот хол, Lounge зоните или чекалници. DNA исто така е достапна во колекција со тапацир, од ткаенина или кожа.

Повеќе информации на следниот линк.

Every

Да се земе нешто добро и да се направи уште подобро – без разлика дали со наслон на грб од мрежа, тенок тапацир или целосен тапацир: EVERY е основниот, почетнички одговор на сите потреби на новите, подвижни и модуларни светови на работење. Откријте ги предностите на колекцијата, уште веднаш!

Повеќе информации на следниот линк.

Freedom

„Златниот стандард на канцелариско седење“ на Ниелс Дифриент (американски индустриски дизајнер) ги елиминира рачките, копчињта и останатите механизми со цел да се обезбеди во исто време и едноставна и елегантна ергономска поддршка при седењето, заснована на физички закони. Наслонот за глава се движи истовремено со вас и ви нуди беспрекорна поддршка на главата и вратот во било која положба, без да има потреба од рачно подесување на истата.

• Се адаптира на вашите посебни точки на притисок и на тој начин обезбедува непрекината удобност и здраво движење во текот на целиот ден.
• Наслоните за раце кои се прикачени на задниот дел од столицата истовремено се движат со вас без разлика дали седите исправено или се потпирате на столицата
• Дизајнирана е да функционира како нова, дури и по неколкугодишна секојдневна употреба.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека производството наFreedom столицата не влијае врз климатските промени.
• Freedom работната столица ви следува со 15 годишна гаранција.

Повеќе информации на следниот линк.

Invitation

Престижна, висококвалитетна, посебна: одличен избор за да оставите прв добар впечаток, Sedus Invitation. На пример, во менаџерските канцеларии, или во салите за состаноци во кои пречекувате гости и бизнис партнери. Дизајнот и материјалите се од особено висок квалитет во кој воопшто не треба да се сомневате: тука, темите за разговор за време на конференциите не се единственото нешто на агендата, туку има и чувство на стилска самодоверба.

Дизајн: Mathias Seiler (Sedus тим за дизајн)

Повеќе информации на следниот линк.

Joyce

Флексибилна работна столица со силен карактер која ги става потребите и преференциите на корисниците на прво место. Нуди бројни опции за да создаде посебни комбинации од верзии со наслони за грб, тапацир и дизајни во боја. Со својата извонредна разновидност, JOYCE создава простор за оптимален перформанс – исто така додава елемент на забава додека ја одбирате вашата комбинација од соништата.

Повеќе информации на следниот линк.

Liberty

Ергономска работна столица од светски ранг и минималистички шарм, Liberty е синоним на разновидност и во стилот и во функциите. Наслонот за грб е изработен од специјална мрежа која ги детектира вашите точки на притисок,но во исто време ви нуди слобода во движењето.

• Истенчената естетиката на Liberty одговара на секој простор, и како нејзина главна карактеристика е трипанелната мрежа која покрај што изгледа убаво и е удобна за седење..
• Hands-free наслонот за грб ве следи додека се движите и на тој начин обезбедува постојана заштита на лумбалниот дел во било која позиција.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја продадена Liberty столица активно помага во намалувањето на штетата од климатските промени.
• Импресивна 15 годишна гаранција.

Повеќе информации на следниот линк.

Mobile pedestal

Sedus Mobile фиокарите можат да бидат корисни на многубројни места во канцеларијата. Со нивните различни карактеристики и прилагодување, можат да се користат како флексибилен складишен простор или како практичен мебел, додека нивната висина значи дека тие се погодни и за просторно одделување, како комуникациски елементи или за стоечки работни места.

Достапни се и со лизгачки врати и повисок заден панел кој вклучува функционална шина како стандард.

Повеќе информации на следниот линк.

Mobile, desk & technical pedestals

Pedestal палетата нуди многу повеќе од само обичен простор за складирање. Овој интелигентно дизајниран и високо флексибилен систем помага во секојдневното работење во канцеларијата, но исто така помага да се обезбеди опримизиран и ефикасен работен тек. Мобилните фиокари и фиокарите со висина на биро се достапни во неколку висини.

Можат да бидат сместени под биро, позиционирани од страна или да се користат низ целата канцеларија. Нивните многубројни опции за дизајн значи дека тие совршено се вклопуваат во сите канцелариски ентериери; од класично елегантен стил до посовремен изглед.

Повеќе информации на следниот линк.

On spot cosy

Предизвикот на современите работни средини е да се задоволат повеќе аспекти. Покрај функционални, тие исполнуваат многу повеќе аспекти. Истовремено, се ориентираат кон потребите на вработените. Класичните работни места со работни маси се надополнети со неформални средини, просторни тимски работни површини, флексибилни централни зони и lounge зони.

Повеќе информации на следниот линк.