Semos Cloud, Скопје

Во B2 Solution, секој проект е прилика да трансформираме работен простор во место каде луѓето можат да работат поефикасно и да се чувствуваат инспирирано.

Нашата соработка со Semos Cloud, ИТ компанија со македонски капитал, лоцирана во HYPERIUM Business Center, беше токму тоа.

Нашите решенија овозможија креирање на агилен и тимски ориентиран работен простор, оптимално прилагоден според потребите на вработените, со цел компанијата да ги максимизира своите резултати и искуството на своите вработени.

Големина на проект: 260 м2

Клучни зони и карактеристики:

  • Welcome зона: Топол и впечатлив влез кој создава инспиративна атмосфера.
  • Кујна и кантина: Простори за одмор и социјализација, каде вработените можат да уживаат во паузата.
  • Lounge зона: Удобни и креативни агли за неформални разговори и идеи.
  • Executive канцеларии: Смирена, фокусирана средина создадена за лидерите.
  • Оперативни зони: Флексибилни и соработнички простори кои поттикнуваат тимска динамика.
  • Соби за состаноци и конференции: Приспособливи тимски простори за заеднички креативни процеси.

Материјали и дизајн елементи:

  • Биофилија: Во дизајнот беше интегриран концептот на биофилија со природни текстури, простории исполнети со светлина и зеленило. Овој пристап не само што го прави работниот простор визуелно смирувачки, туку и ја поттикнува креативноста и благосостојбата, создавајќи жива и инспиративна симбиоза помеѓу природата и човекот.

Проектот повторно ја исполни нашата мисија: да ги претвориме канцелариите во место каде луѓето уживаат додека ги постигнуваат своите најдобри резултати.

Оваа успешна соработка најдобро ја потврдуваат самите клиенти. Погледнете го искуството на Александар Мисовски, COO на Semos Cloud, во ова видео: