
Кроација Осигурување HQ, Скопје
Дизајнот на канцелариите на Кроација Осигурување за нас не беше само уште еден проект, туку можност да се создаде простор што совршено ја отсликува сигурноста, стабилноста и грижата за клиентите што ги нуди оваа водечка осигурителна компанија. Целосниот зафат опфаќаше дизајн, изведба и опремување на канцелариите.
Клучни зони и карактеристики:
Нашиот пристап беше да се фокусираме на создавање инспиративна работна средина што истовремено ќе влијае позитивно на продуктивноста и ќе инспирира благосостојба на вработените. За таа цел, акцентот беше ставен на повеќе клучни елементи:
- Open space канцеларии: Иако концептот на отворени канцеларии поттикнува соработка и комуникација, ние го збогативме и унапредивме со вградување на звучни прегради кои обезбедуваат доволно приватност и мир за фокусирана работа. Совршено решение за баланс помеѓу тимската и индивидуалната работа.
- Приватност и лидерство: За менаџерскиот тим беа дизајнирани затворени канцеларии од стакло со специјални акустични решенија за звучна изолација. Дизајн кој овозможува приватност за доверливи разговори и стратегии, но и симболизира силно и стабилно лидерство, збогатено со Executive бироа и столици.
- Meeting канцеларии: За одржување состаноци, беа обезбедени посебни стаклени конференциски простории, опремени со конференциски маси и столици, овозможувајќи фокусирани и продуктивни дискусии.
- Палета на бои: Во дизајнот се користени пастелни, земјени тонови кои создаваат чувство на смиреност и сигурност. Овие основни бои се надополнети со детали во пастелни нијанси на сина, зелена и жолта, кои совршено се совпаѓаат со корпоративниот идентитет на клиентот и го зајакнуваат чувството на сигурност и доверба.
Нашиот проект ги имаше во фокусот и клиентите на Кроација Осигурување. Затоа во просторот се вградени удобни софи и фотељи, како и кафе масички, создавајќи пријатна и релаксирачка атмосфера. Клиентите се чувствуваат згрижени и опуштени, што ја олеснува комуникацијата и градењето доверба во осигурителната компанија.
Се внимаваше и на малите детали кои ја олеснуваат секодјевната работа, како што се шкафчињата со клуч за лилните работи на вработените, што придонесува за поголема уредност и безбедност во работниот простор.
Новите канцеларии се доказ за посветеноста на Кроација Осигурување кон своите вработени и клиенти, создавајќи модерна, ергономска и инспиративна средина. Овој проект е гордост за B2 Solution, кој успеа да создаде простор што ги отсликува вредностите на Кроација Осигурување и ја поддржува нивната мисија да обезбедат сигурност.