ZG1 Monitor Arm

ЕРГОНОМСКО И ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТЕЊЕ

Со цел да го задржат принципот на „уредно биро“, каблите се едноставно сокриени под заштитните капаци кои лесно се отстрануваат.

Магнетните заштитни капаци го комплетираат пријатниот и современ дизајн. Функционално, неговата стабилност е импресивна: Се базира врз „spring force“ технологија, држачот може да издржи големи монитори (3-11 кг, <34”) со леснотија. Ротацијата од 360°, со паметниот додаток на заклучување на 180° обезбедува индивидуално и сигурно позиционирање. ZG1 држачот за монитор може многу лесно да се склопи со корисниот сет од алатки за монтирање што се наоѓа зад лесно отстранливите заштитни капаци.

За да избегнете судирање под бирото, држачите за монтирање се поставени одозгора на аголот на работната површина.

Повеќе информации на следниот линк.