Crossline

Оваа извонредна канцелариска столица е производ на блиска соработка помеѓу научници, инженери и дизајнери, со цел да создадат оригинален и неконвенционален систем за седење кој се движи во совршена синхронизација со човечкото тело. Оваа цел е достигната преку користење на патентираниот „Similar-Plus“ механизам и на иновативниот дизајн за наслон на грбот. Уникатната функционалност ја дефинира уникатната естетика на оваа столица, која може да се увиди преку уникатната структура за поддршка на грбот во форма на крст, по кои се именувани моделите на Sedus Crossline.

Дизајн: Markus Dörner (Sedus тим за дизајн)

Повеќе информации на следниот линк.

Опис

Конфигуратор на мебел
Прилагоден на индивидуалните барања и личните желби: Конфигураторот го олеснува планирањето на столици и друг мебел и пробувањето на различни опции.
Конфигурирај го твојот производ.

Супериорна седечка култура: Sedus Crossline Prime

Crossline, во форма на менаџерска работна фотелја на Crossline Prime, претставува висока култура на седење. Како сенка, седиштето и наслонот за грб го следат секое движење на телото во апсолутна хармонија. Телото е беспрекорно поддржано во секое време, без да има потреба од технолошко контролирање. Откако еднаш ќе се навикнете на овој неспоредлив комфор, никогаш повеќе нема да прифатите ништо помалку! Кога суперлативната функција изгледа вака елегантно, седечката култура навистина достигнала нов врв.

Разновидност

Едноставно правилна поставеност на 'рбетот

Совршено дизајнирана, Sedus Crossline овозможува извонредно балансирани движења, што ги охрабрува корисниците да ги менуваат нивните седечки позиции додека работат. Благодарение на патентираниот „Similar-Plus“ механизам, во комбинација со индивидуално прилагодливиот агол на отворање, наслонот за грб одржува постојан контакт со грбот, нудејќи континуирана и оптимална поддршка. Столицата може идеално да се адаптира на соодветните активности на корисникот: На пример, за мирна работа зад монитор, опсегот на движење може да биде помал отколку кога се опуштаме и наслонуваме додека телефонираме, читаме или размислуваме.

Детали