Предвидувањето на иднината, може да ги држи луѓето како заложници на среќата. Земете го за пример, извршниот директор на Дека Рекорд, Дик Роу, кој во 1962-та година го одби договорот со “Битлси” , велејќи му самоуверено на господинот Епштајн дека допрва ќе се појавуваат групи со гитари, или пак, извршниот директор на Мајкрософт, мулти-милијардерот Стив Балмер, кој во 2007-та година, изјави дека не постои никаква можност, Ајфон да има некаков позначителен удел на пазарот. Како и да е, некои луѓе го занемаруваат тој тренд. Еден од нив е писателот на научна фантастика, Исак Асимов, најпознат по неговите приказни за тоа како роботите и луѓето ќе комуницираат, кој напиша едно извонредно дело за Њу Јорк Тајмс, кое следеше по посетата на Светскиот саем во 1964 година. Неговите предвидувања беа наменети за период од 50 години, во линија, се до 2014 година, па ние сега можеме да ги оценуваме со додадената корист од пет години ретроспектива. Ќе наведеме три од неговите предвидувања, за животот и работата во 21-от век.
Природата и светлината
“Човекот ќе продолжи да се оддалечува од природата, со цел да создаде средина која ќе му одговара подобро. До 2014, електролуминисцентните панели ќе бидат во општа употреба. Таваните и ѕидовите, ќе светат понежно и во разновидни бои, кои ќе се менуваат со притиснување на копче”- напишал Асимов.
На многу начини, ние можеби сме се повлекле од природата, како што предвидел, особено кога сме на работа, но исто така сме станале и посвесни за улогата која природата ја има за нашата благосостојба. Едно ново истражување, направено од академиците на Универзитетот во Екстер, потврдува дека само два часа во неделата, во природно опкружување и уживање на дневна светлина и свеж воздух, може да имаат драматичен ефект на нашата благосостојба. Тоа е правило кое е веќе прифатено од многу архитекти и дизајнери, и е применето во новата Sedus Smart Office.
Слично на тоа, тој беше во право кога предложи дека на луѓето ќе им биде добредојдена способноста, да го променат распоредот и нивото на светлина во нивната средина, и дека најиновативните згради ќе ја контролираат, а светлосните производи ќе ја рефлектираат оваа нова реалност. Најновото издание на “Sedus Insights” го наведува примерот за персонилизираниот опкружувачки меур, развиен од Фондацијата Ањели, кој им овозможува на луѓето да ја уредат нивната средина според нивните лични потреби. Како што Асимов предвидел, се со едно притиснување на копчето.
Автомотизација
Роботите нема да бидат ниту вообичаени, ниту многу добри во 2014, но ќе постојат. Изложбата на IBM, на овој саем, нема роботи, но е посветена на компјутерите, кои се прикажани во целата нивна неверојатна комплексност, забележана во извршувањето на задачата, да направат превод од руски на англиски. Ако машините се толку паметни денес, зошто да не бидат за 50 години отсега. Ќе постојат такви компјутери, многу помали, кои ќе служат како мозоци за роботите…Светот од 2014 година, ќе има само неколку рутински работи, кои ќе бидат подобро сработени од било кое човечко суштество, отколку од машините. Поради тоа, човештвото во голема мера ќе се претвори во трка на тендери за машините.
Она што не можеше да го предвиди е извонредната природа на модерните автоматизирани системи, како на нашата работа, така и во нашите приватни животи. Реалноста е дека автоматиката е толку многу навлезена во животот на 21от век, што поголемиот дел од времето не сме свесни за неа, или за суптилните начини на кои влегуваме во интеракција со неа и за начините на кои влијае врз нашето работење и приватните животи.
Технологијата и комуникациите
“Апаратите од 2014 нема да имаат електрични кабли, но секако ќе користат подолготрајни батерии. При комуникациите, ќе можете да го гледате и да го слушате лицето на кое му телефонирате. Екранот ќе може да се користи не само, за да ги гледате луѓето на кои им се јавувате, туку и за да пручувате документи и фотографии, како и да читате пасуси од книги. Синхроните сателите кои лебдат во вселената, ќе ви овозможат директно да се јавите на било кое место на Земјата, вклучувајќи ги и временските станици на Антарктикот. “
До 2014 година, и бежичната технологија и глобалната комуникација беа земени здраво за готово. Се уште имаме пат кој треба да го изодиме со технологијата на батериите, но тој беше неверојатно прецизен за тоа дека ќе можеме да комуницираме со било која точка на планетата Земја, вклучувајќи го и можниот контакт со оние кои живеат и работат на најоддалечените точки во светот.
Тој, исто така, ја предвидел предноста од автономните возила. Може се уште да сме во недоумица околу деталите, но тој сепак повторно ја предвидел технологијата со голема јаснотија. “Многу труд ќе се вложи во дизајнирањето на возилата со роботски мозок, возила кои ќе можат да бидат поставени да одат до одредени дестинации, без мешање на бавните рефлекси на човекот”- напиша тој.