Во пролетта 2020 година, кога луѓето за првпат започнаа да работат од дома, во голем број, едно од прашањата за кои најмногу се зборуваше, беше како продуктивноста на повеќето луѓе остана иста или се подобри. Со оглед на се што научивме за флексибилно работење и работењето од далечина, ова не требаше да биде некое големо изненадување, но секако беше тема на дискусија одреден период.
Идејата е сеуште присутна, но променет е начинот на кој се пристапува кон неа. Делумно ова е така, бидејќи околностите во изминатата година и половина беа толку невообичаени. Но, исто така научивме и дека луѓето всушност можат да бидат помалку продуктивни кога работат од дома. Тие сигурно работат исто или можеби и повеќе, но им треба повеќе време за да ја завршат работата. Ова, пак, има големо влијание врз нивната благосостојба, особено кога ќе се земат во предвид ефектите од изолацијата.
Првите индикации за оваа промена во начинот на кој зборуваме за работата од далечина, се појавија во пролетта оваа година со објавувањето на големата академска студија за 10.000 ИТ работници, која откри дека тие работеле 30 проценти подолго време додека работеле од дома, односно една петтина повеќе од вообичаеното време на работа, без всушност да работат повеќе. Во суштина, нивната продуктивност паднала за 20 проценти и покрај зголемените работни часови.
Ова верување сега влегува во главното деловно размислување. Неодамнешниот извештај на „Економист“ ја цитира студијата и заклучува дека вистинскиот предизвик за канцеларискиот живот лежи во начинот на кој се организираат состаноците, а не во работата на луѓето како индивидуи.
Исто така извештајот на дигиталната фирма за обуки, Езра, чии клиенти се Сони, Спотифај и Астра Зенека, откри дека вработените во Обединетото Кралство работеле многу подолго, за време на карантинот, но недостатокот од организирани работни часови во канцеларија, имал штетен ефект врз нивната рамнотежа помеѓу работата и животот, како и врз квалитетот на нивната работа.
Студијата исто така откри дека луѓето во Обединетото Кралство работеле околу една петтина подолго секој ден, односно по 11 часа дневно. Во САД пак, луѓето работеле скоро 40 проценти подолго секој ден.
Обединетото Кралство и САД се добро познати како култури кои комбинираат долги работни часови со средна продуктивност, и иако ова може да се вкорени во веќе лошата работна култура, сепак ја нагласува сложеноста на ова прашање.
Ова ги потврдува доказите од пред пандемијата, кои сугерираат дека долгите часови имаат обратнопропорционална врска со продуктивноста. Обединетото Кралство одамна ја има една од најдолгите работни недели во развиениот свет, а сепак постојано има ниски нивоа на продуктивност. Според студијата од 2014 година на Универзитетот Стенфорд, нивото на продуктивност на вработените нагло опаѓа по 50-часовна работна недела, и станува многу ниско по 55 часа. Секој што вложува 70 часа, не произведува буквално ништо повеќе со тие дополнителни 15 часа.
Исто така, не е забележано дека прекумерните часови ја зголемуваат можноста за напредок во кариерата. Во истражувањето на консултантите, од страна на професорката Ерин Рид од Факултетот за бизнис на Универзитетот во Бостон, менаџерите навистина не можат да направат разлика помеѓу работата на вработените кои работат по 80 часа неделно и оние кои само се преправаат дека тоа го прават. Студијата покажа дека луѓето кои отворено работеле помалку часови биле казнети, но не можеле да најдат докази дека овие луѓе се помалку продуктивни или дека оние кои вложуваат дополнителни часови, всушност, постигнале повеќе.
Справување со прекумерна работа
Сепак, би било погрешно ова да се сфати само како западен проблем. Една од деловните стории за кои најмногу се зборуваше оваа година, беше сторијата за демонстрациите во Кина, за проблемите со прекумерна работа, особено за помладите луѓе.
Таканареченото „танг пинг“или „да се одмориш“ движење е директен одговор на искуството на многу кинески работници, вклучувајќи и многу од нив што буквално гледаа како нивните пријатели работат до смрт. Поконкретно, тоа е отфрлање на работната култура на земјата од 9-9-6 (од 9 до 21 часот, шест дена во неделата) и копнеж за поголема духовност, поголемо задоволство од достигнувањата и време за релаксација, наспроти прекумерното работење.
Овој феномен исто така е опишан во јапонската работна култура. Всушност, Јапонија традиционално има толку голем проблем со прекумерна работа што има свој збор за искуството на оние што умираат поради прекумерна работа. Познато е како „кароши“, или смрт од прекумерна работа.
Проблемот е ендемичен во Јапонија. Владиниот извештај од 2016 година покажа дека вработените во речиси секоја четврта компанија, месечно работеле повеќе од 80 часа прекувремено, додека персоналот на едно од десет работни места направил дополнителни 100 часа.
Дури и во земји без таква екстремна култура се чувствува притисок да се направи нешто за да се подобри животот и благосостојбата на вработените. Синдикатот на Германија се залага за пократко работно време. Во поголемиот дел од светот, од највисокото законодавството, како Директивата на ЕУ за работно време, имаше повици за четиридневни работни недели.
Иако ваквите потези се добредојдени, она што го нагласи промената кон далечинско работење, е како луѓето да избегнат да се вовлечат во неструктурирано дигитално работно место, бидејќи тоа е отворено 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
Едно решение е законодавното и, особено, законското право за исклучување. Може да биде и договорно. Но, исто така, мора да биде културно.
Во својата книга, Далечинска работа, деловниот писател Крис Даер ги повикува лидерите да бидат примери за промената што сакаат да ја видат. „Охрабрете го персоналот да се воздржи од работа кога треба да биде надвор“, пишува тој. „И покрај итните проблеми, итните случаи и ненадејните настани, сакаме да се осигураме дека нашите луѓе не се целосно уништени и дека долгорочниот раст на компанијата зависи од нивната долговечност “.
Тој, исто така, предупредува за предизвикот да се постигне ова. „Целото прашање за„ надвор од работното време “не е толку едноставно како што може да се очекува“, пишува тој. „Управувањето со вкупните работни часови треба да биде цел на организациите и лидерите, при што со пофлексибилна, далечинска и хибридна работа, вработените ќе имаат можност да бидат вклучени или исклучени во текот на денот“.
Некои фирми веќе беа над кривата, дури и пред пандемијата. Во Германија, Дајмлер им понуди на вработените функција за автоматско бришење на нивната е -пошта додека се на одмор. Во меѓувреме, Фолксваген ги постави своите сервери да престанат да испраќаат мејлови до мобилните уреди на некои работници од 30 минути по завршувањето на работниот ден до 30 минути пред да започне.
Додека се префрламе на похибридна работна култура, таквите прашања ќе се појават во прв план, исто како и нивните решенија. Тие вклучуваат поголема слобода на луѓето да избираат каде, кога и со кого ќе работат, како и да им се обезбедат структурата и опремата што им се потребни за да ги обликуваат своите денови и да ја искористат шансата да одморат.