Interstuhl

Со седиште во Meßstetten-Tieringen, Германија, Interstuhl Групацијата ги обединува трите силни брендови – Interstuhl, Bimos и Backforce – кои ги поддржуваат луѓе во канцелариите, производствените погони, лабораториите и во светот на гејмингот. Заедничка цел на сите брендови е да понудат решенија што се прилагодени на индивидуалните потреби и што им помагаат на луѓето да го остварат својот целосен потенцијал.

Основан во 1961 година од браќата Вилхелм и Вернер Линк, Interstuhl денес претставува еден од водечките европски производители на канцелариски столици и иновативни просторни решенија.. Започнувајќи како мало занаетчиско дуќанче на Алпите, компанијата израсна во глобален бренд со силни семејни вредности, трета генерација семејно управување и јасна мисија – да создава производи кои ја унапредуваат удобноста, здравјето и продуктивноста на луѓето на работното место.

Првиот производ на компанијата, Bi-Regulette – работна столица создадена со страст за иновација и внимание кон потребите на луѓето – ја означи револуцијата во работната ергономија. Денес, повеќе од 60 години подоцна и со над 30 милиони произведени столици, Interstuhl е компанија водена од истата визија: да обезбеди совршен баланс меѓу техничка прецизност, бескомпромисен квалитет, дизајн и одржливост.

Со семејна традиција, иновација и силни вредности во својата основа, Interstuhl го продолжува своето наследство – создавање на производи и решенија што го подобруваат секојдневниот живот и работа на луѓето, денес и утре.

Денес, Interstuhl има глобално присуство преку партнери во многу земји ширум светот.

За да дознаете повеќе за портфолиото на Interstuhl, посетете ја нивната официјална веб-страница:
https://www.interstuhl-group.com/de/

Во Македонија, ексклузивен партнер на Interstuhl е B2 Solution, кој ги нуди најдобрите производи на брендот и овозможува локална поддршка и експертиза.