Hoyez
Како реномиран производител на преградни системи со алуминиумски рамки за професионални простори, hOyez Partition Systems е етаблирана компанија уште од 1953 година.. Со повеќе од 60 години искуство во дизајнирање и производство, hOyez им помага на архитектите и консултантите во естетската и техничката дефиниција на нивните проекти.
hOyez нуди широк спектар на монтажни прегради и врати кои се применливи и во канцеларии и во индустриски објекти и се прилагодуваат на секакви естетски, технички или практични барања. Нивните производи ги исполнуваат најновите трендови и се сертифицирани, а компанијата има изградено репутација како бренд на кој му веруваат глобални компании како BMW, Credit Du Nord, Credit Agricole, Societe Generale, Orange и многу други.
Покрај фокусот на квалитетот, hOyez е компанија посветена и на заштитата на животната средина. Компанијата го контролира влијанието на своите производи врз околината, со цел да ги исполни високите стандарди поставени од меѓународните еколошки сертификати како HEQ (High Environmental Quality) и LEED (Leadership in Energy and Environmental Design).
За да дознаете повеќе за портфолиото и решенијата на hOyez Partition Systems, посетете ја нивната официјална веб-страница: https://www.hoyez.com/en/.
Откријте го најдоброто од hOyez со B2 Solution, како ексклузивен партнер во Македонија.