
Salveo, Белград
За белградската канцеларија на Salveo, ги преточивме интернационалните вредности на компанијата во простор кој балансира професионалност и топлина. Новата работна средина овозможува слободен проток на информации, а во исто време нуди мирни зони за индивидуален фокус.
Клучни зони и карактеристики:
- Welcome зона и рецепција: Професионален и топол приемен простор кој остава прв впечаток.
- Оперативни зони: Флексибилни распореди кои овозможуваат лесна соработка. Во рамките на отворениот простор се наоѓа и мултифункционална пинг-понг маса, која лесно се трансформира во маса за состанок или трпезариска маса, што поттикнува неформална интеракција и креативност.
- Зони за фокус и тишина: Простории наменети за за концентрација и продуктивност.
- Lounge & неформални простори: Удобни делови што поттикнуваат креативност и дружење.
- Сали за состаноци: Флексибилни простории за тимска работа и размена на идеи. За да се обезбеди поголема акустика и непропустливост на звук, за овие простории се користени стаклени преградни ѕидови со двојно стакло.
Материјали и дизајн елементи:
Дизајнот вклучува иновативен мебел од Sedus и модерни текстилни подови од ShawContract. За индивидуалните канцеларии се користени стаклени преградни ѕидови, кои ја зголемуваат проѕирноста и природната светлина. Палетата на светли неутрални тонови со суптилни сини и зелени акценти внесува рамнотежа и создава атмосфера која е истовремено домашна и професионална.
Овој проект беше темел за поширока регионална соработка - Salveo ни го довери опремувањето на нивните канцеларии во Скопје, Букурешт и Софија. Секој проект е доказ за нашата цел: да креираме простори во кои луѓето се чувствуваат инспирирани и мотивирани да дадат максимум.