
Loka, Скопје
Во LOKA, сместена во центарот на Скопје, создадовме модерен работен простор од 600 m² кој ги обединува работата, забавата и соработката во една инспиративна целина.
Клучни зони и карактеристики:
- Welcome зона: Топол и професионален приемен простор.
- Open space: Тимски ориентирани зони дизајнирани за агилност.
- Meeting сали: Функционални простори за соработка и фокус.
- Мултифункционален Game Room: Креативен спој на забава и продуктивност.
- Кантина: Социјална зона за релаксација и неформални средби.
Материјали и дизајн елементи
Минималистички дизајн, ергономски мебел, стаклени прегради и елементи за забава создаваат балансиран простор. Корпоративниот идентитет на компанијата е вешто инкорпориран во средината.
Создадовме канцеларија каде луѓето се чувствуваат енергични, инспирирани и мотивирани за заеднички успех.