B2 Solution Work-Life

На највисокиот кат од бизнис центарот Блок 40 се наоѓа нашиот водечки work-life простор каде што современиот дизајн и најновите работни концепти се преточени во реални решенија. Тука ќе ги откриете најиновативните уредувања на работни места, open-space канцеларии, HoReCa ентериери, надворешен мебел, ексклузивни колекции на подни облоги и софистицирани lounge-зони, создадени да го подигнат секој професионален простор на повисоко ниво.

B2 Solution Showroom

Лоциран на приземје и лесно достапен, овој showroom е посветен на премиум стаклени ѕидни системи и внимателно одбран асортиман на ергономски столици и додатоци за модерни канцеларии. Дизајниран за инспирација и практичност, нуди јасен поглед кон иновативни и функционални решенија што ја дефинираат канцеларијата на иднината.