
Услуги
Имате потреба од врвна експертиза за дизајн на вашиот работен простор?
Тимот за workplace консалтинг и планирање на просторот на B2 Solution обезбедува сеопфатна поддршка при стратешко уредување на современи работни средини – од анализа и концептуален дизајн, до финална имплементација.
Со експертиза во оптимизација на просторот, функционално зонирање и подобрување на работната атмосфера, ви помагаме секој квадратен метар да го искористите паметно, ефективно и во согласност со вашите деловни цели.

Консултации за дизајн на работен простор

Дизајн

Уредување

Релокација и логистика

Услуга и одржување
Нашиот концепт: Канцеларијата на иднината
Современата работна средина мора да ги поддржи сите аспекти на денешното работење.
Затоа, го базираме нашиот пристап на четирите клучни фактори кои секоја канцеларија треба да ги исполни:
- Концентрација: Зони за индивидуална работа без прекини
- Комуникација: Простор за формални и неформални разговори
- Соработка: Флексибилни зони за тимска работа и брзи состаноци
- Релаксација: Средина за одмор и регенерација
Кога овие функции се избалансирани, канцеларијата станува алатка за успех, а не само простор за работа.
Нашата стратегија за успех: 3 фази на workplace консалтинг
- Разбирање
- Анализа на моменталната состојба
- Работилници со клиентите и архитектите
- Идентификација на клучни предизвици и можности
- Планирање и имплементација
- Дефинирање цели, приоритети и услуги
- Просторна анализа и функциско зонирање
- Концепт и визуелизации
- План за реализација: логистика, достава, монтажа
- Едукација и воведување во новата средина
- Оптимизација и поддршка
- Повратен фидбек по имплементација
- Предлози за подобрување и адаптација
- Работилници за ергономија и користење
- Каталози за идни надградби и промени
Нашата стратегија е базирана на знаење и искуство
Како компанија која ги следи глобалните трендови, B2 Solution ги интегрира најновите знаења и истражувања од областа на workplace стратегиите.
Во соработка со архитекти, дизајнери и професионалци од различни сектори, креираме решенија кои се:
✔ Функционални
✔ Одржливи
✔ Естетски усогласени
✔ Прилагодени на реалните деловни потреби