Што всушност е благосостојба на работното место?

Што всушност е благосостојба на работното место?

Понекогаш вреди да се направи чекор назад, дури и од најчесто расправаните теми, за да видиме кое е нашето мислење за нив. Ова може да биде особено точно за теми како благосостојбата, која како што дискутиравме на друго место, е една од оние теми за кои се говори многу и со толку широки термини што би можеле да го загубиме од вид она што го мислиме.

Најзагрижувачки е начинот на кој, иако во одредена мера е небулозен во концепцијата, и нијансиран и меѓусебно поврзан со резултатот, предложените решенија за недостатокот од физичка и психичка благосостојба често се упростени. Вистината е дека сложените предизвици, бараат сложени решенија.

Првото нешто што треба да се каже е дека здравјето, исто како и продуктивноста не е за пари. Не можете да ги направите луѓето подобри, посреќни и попродуктивни едноставно збогатувајќи ги. Како што Кери Купер и Дејвид МекДеид истакнаа во нивната книга “Благосостојба: Целосен референтен водич”, дека богатството отстранува специфичен проблем, но нема никакво влијание врз општата благосостојба.

Луѓето во земјите со поголем приход обично ги проценуваат нивните животи на многу попозитивен начин, од луѓето во посиромашните држави, но сепак таа врска не важи за мерките од искусената благосостојба. Американските економисти Дитон и Стоун расправаат дека мерките од хедонистичката благосостојба, кои покажуваат дека просечниот Европјанец е во полоша состојба од просечната личност во Мозамбик, Судан или Руанда се во основа бесмислени. Рамнотежата на неодамнешните докази укажува дека, во просек, поголемиот приход е подобар за поединците и дека треба многу да се внимава пред да се заменат мерките за приходот или дури и да се дополнат со мерки за субјективна благосостојба за цели на политиката.

Кога станува збор за работата и работното место, Меѓународната организација на трудот ја дефинира состојбата на работното место според тоа како се поврзува со сите аспекти на животниот стил, од квалитетот и безбедноста на физичката средина, до тоа како вработените се чувствуваат во врска со нивната  работа, нивната работна средина, климата на работа и работната организација. Целта на мерките за благосостојба на работното место е да се дополнат мерките за безбедност и здравје при работа, со цел да бидат сигурни дека работниците се безбедни, здрави, задоволни и ангажирани на работа. Благосостојбата на работниците е клучен фактор за одредување на долгорочната ефективност на организациите. Многу студии покажуваат директна врска помеѓу нивоата на продуктивност и општото здравје и благосостојбата на работната сила.

Едно од дефинирачките дела на оваа тема во Велика Британија беше објавено во 2008. Таа година професорката Даме Керол Блек, која е воедно и национален директор за здравје и работа, го објави нејзиниот преглед на благосостојбата на британските работници. Во него, таа предлага три главни цели кои ја променија дебатата во тоа време и продолжија да ги дефинираат нејзините параметри:

  • Превенција од болести и промоција на здравјето и благосостојбата
  • Рана интервенција за оние кои ја развиваат здравствената состојба
  • Мерки за решавање на здравјето и благосостојбата на оние кои не работат, за секој кој има потенцијал за работа да ја има потребната поддршка

Извештајот на ЦИПД за развој на здравјето и благосостојбата, тврди дека здравите работни места им помагаат на луѓето да цветаат и да го достигнат својот потенцијал, затоа е од суштинско значење да се создаде средина што активно промовира состојба на задоволство, а тоа е од корист и за вработените и за организацијата. Треба да се напомене дека оваа дефиниција ја разликува благосостојбата од велнесот, кој е повеќе фокусиран на физичкото здравје.

Извештајот тврди, дека порастот на свесноста за прашањето за благосостојбата, не се совпаѓа секогаш со ефективните активности за решавање на комплексноста на ова прашање, на холистички начин. Тој го зема во предвид комерцијалниот случај за разгледување на проблемот со благосостојбата, кој го надминува решавањето на специфичниот проблем на неповрзан начин.

“Инвестирањето во благосостојбата на вработените може да доведе до зголемена еластичност, редуцирано боледување и повисоки перформанси и продуктивност. Едноставно кажано – создава добро бизнис чувство. Сепак, иницијативите за благосостојбата честопати изостануваат од нивниот потенцијал бидејќи се сами и изолирани од секојдневната работа. За да се добие вистински бенефит, приоритетите за благосостојбата на вработените, мора да бидат интегрирани низ целата организација, вградени во нејзината култура, водство и управувањето со луѓе.”

Ваквиот просветлен пристап, неизбежно се манифестира на различни начини, со прогресивна работна култура, одлично опкружување, посветеност на одржливоста, подобра исхрана и организација која ја сфаќа благосостојбата сериозно, наместо да бара поедноставни решенија. Како и многу комплексни прашања, потрагата по благосостојба никогаш не завршува. Нема дестинација, само патување.