Хибридните канцеларии е она што не очекува

Хибридните канцеларии е она што не очекува

Како одговор на револуцијата на работата од далечина, деловните субјекти бргу ги насочија своите политики и технологија во насока на поддршка на своите вработени. Светот се охрабрува, враќањето во канцеларијата е остварливо, но се слушува една голема промена – целосна реевалуација на идејата за местото и просторот, и нивното значење за работната средина и искуството на вработените.

Со оглед на тоа што дури 20-30 проценти од работниците продолжуваат да работат од дома, барем неколку дена во неделата, идејата секој вработен да има свој работен простор, не е ниту практична ниту исплатлива. За волја на вистината, оваа промена од работен простор наменет за работа, кон мобилна или дистрибуирана работна сила е дел од корпоративниот пејзаж на недвижнини повеќе од една деценија, но тоа бавно добиваше на интензитет, често поради загриженоста на вработените за губење на личниот простор. Со овој нов, зголемен интерес и поголемата толеранција за распределената работна сила и неназначените работни средини по КОВИД, луѓето сè уште сакаат канцеларијата да ја чувствуваат како лична и како да припаѓаат во неа. Тоа се сведува на нов начин на размислување за персонализација на канцеларијата.

 

Нов поглед на персонализираната канцеларија

Нашата ново правило на „работа од каде било“ е подобро опишана како „Сакам да изберам да работам во средина каде што можам да бидам најпродуктивен и да го дадам најдобро од себе.“ Станува збор за создавање на уникатно човечко искуство на работното место. Многу години, тоа значеше работна станица или канцеларија со семејни фотографии, со личен печат и овозможување на вработените да ги уредат своите простори, за во нив да се чувствуваат удобно.

Истражувањата сугерираат дека кога поседуваме повеќе од нашето време, се чувствуваме како да сме одговорни за нашите животи и распоредот, што нè прави посреќни и, на крајот, подобри во она што го правиме. Нашето здравје и среќа, исто така, имаат тенденција да се зголемуваат во текот на нашиот животен век, а со тоа и нашата вредност на работното место и во општеството како целина.

Бидејќи компаниите покажуваат зголемен интерес за дистрибуирани модели на работна сила, ние истражуваме решенија за дизајн кои го подобруваат искуството на вработените, чувството за место и персонализација на неколку различни начини.

 

  1. Информациите го прават канцеларискиот дизајн подобар за секого

Ние користиме информации за да ги обликуваме најдобрите можни простори за цели компании, специфични тимови, па дури и поединци. Ако откриеме дека, на пример, еден тим троши 60% од своето време далеку од своите работни маси соработувајќи со други, или на состаноци, или три дена во неделата работејќи од дома, тогаш ние даваме приоритет на конференцискиот и групниот простор, пред индивидуалните работни станици. Зголемувањето на разновидноста на работните простори му дава поголем избор на корисникот. Поголемиот број на уникатни средини во канцеларискиот пејзаж им овозможуваат на луѓето да се „видат себеси“ преку обезбедување на простор што го поддржува начинот на кој сакаат да работат.

 

  1. Променте ја парадигмата од „Мој простор“ во „Наш простор“

Личниот простор честопати е тесно поврзан со способноста на вработениот да го персонализира тој простор. Бидејќи компаниите се префрлаат на дистрибуирана работна сила што е повеќе од правило, вработените треба да го пренасочат своето размислување од идентификување со „Мој простор“ во идентификување со соседство, зона, област или заедница. Тоа е она што го гледаме како „Наш простор“.

 

  1. Добриот дизајн ја поттикнува заедницата

Сè уште е можно да направите луѓето да се чувствуваат како дома, дури и без индивидуални, работни места. Екипите се распоредени во одредени области или „зони“ кои ја поддржуваат работата што ја работат. На еден тим можеби ќе му бидат потребни ѕидовите чија површина може да се брише. На друг можеби ќе му биде потребна дополнителна просторија за фокусирање. А, на трет можеби ќе му треба библиотека или дополнителен простор за соработка. Изгледот е прилагоден на тимот. Потоа, додаваме интерактивни елементи кои помагаат да се засили чувството на припадност, преку sидови со фото колаж, табли за објавување на активности, па дури и ЛЕГО  sидови за да остават личен белег.

 

  1. Сè е достапно

Како дел од одбраното опкружување на тимот, се грижиме што и да им треба, да им биде лесно достапно, од тоалети до принтери во поголеми конференциски сали. Во исто време, избегнуваме изолација на тимот осигурувајќи дека на секој кат се достапни места како кафулиња и кујни, за да се поттикне вмрежувањето и соработката помеѓу тимовите. Клиентите постојано ни кажуваат дека двоминутните непланирани состаноци на патот до печатачот честопати можат да бидат најефикасни.

 

  1. Сфатете го ПРИ (правичност, разновидност, инклузија) сериозно

Обезбедувањето на различни области за различни видови на работа, како тивки области или простории за фокусирање, не е ништо ново. Всушност, тоа е составен дел од секој модерен канцелариски дизајн. Она што го гледаме сега е нешто поразлично. Гледаме како клиентите намерно и промислено интегрираат различни типови на простори за невродиверзитетни вработени, како дел од нивните иницијативи за правичност, разновидност и инклузија. Во овој случај, ПРИ (правичност, разновидност, инклузија)  значи почитување на различните стилови на работа и потреби, нудејќи им на вработените избор од динамични и мирни простори, така што секој може да биде најпродуктивен и среќен кога е во канцеларија. Повеќе од ова, најверојатно, ќе видиме во следните години, бидејќи најмладата генерација на работници доаѓа во канцеларијата со акутно усогласени стратегии и идеи кои им помагаат да бидат ефективни и ангажирани вработени.

 

  1. Достапноста на канцелариска технологија да биде правило

Идеално, треба да биде лесно да се префрлате од работа во канцеларија на работа од било каде. Во рамките на канцеларијата, достапната технологија им овозможува на вработените да се префрлуваат од една средина во друга, за различни видови работа. И кога е време да работат од дома, тие можат да ги зграпчат лаптопот и телефонот и да бидат исто толку продуктивни. Ова, секако, води кон поцврста технолошка инфраструктура и чувствителност на „Паметната зграда“.

 

  1. Стратегиите за модуларно планирање ги прават работните места хипер-скалабилни и еластични

Нашите клиенти имаат потреба нивните канцеларии да бидат доволно флексибилни за да се прилагодат на деловните потреби. Ние го правиме тоа со имплементирање на универзално планирани модули на простор, со мебел составен од делови што можат да поддржат низа типови на работа, усогласени со постојаната инфраструктура. Овие модуларни отворени канцеларии можат да преминат од претежно работни станици / кабини во отворени простори за соработка. Нашите книги за стратегија за работно место, се прилагодени на секој индивидуален клиент, така што нивните простори можат да се менуваат, како што се менуваат деловните потреби, и тоа им овозможува на компаниите да се вклучат во долгорочно, ефективно планирање на нивните канцелариски простории.

 

Иднината на персонализацијата на канцеларијата

Последната година нè научи дека сите имаме поголем ментален капацитет отколку што претходно мислевме дека поседуваме, за да може да се свртиме и да работиме поинаку. Гледаме обновен апетит за преоценување на она што навистина им е потребно на работниците, за добро да ги завршат своите работи. Кога станува збор за тоа да направите луѓето да се чувствуваат најдобро во канцеларијата, персонализацијата, прилагодувањето и дизајнот навистина се сведуваат на тоа да им помогнат на луѓето да се чувствуваат врзани за некоја култура и цел, без да бидат врзани за биро.