ДИЗАЈНОТ НА МОДЕРНИТЕ УЧИЛИШТА

ДИЗАЈНОТ НА МОДЕРНИТЕ УЧИЛИШТА

 

УЧИЛИШНИОТ МЕБЕЛ ОД ИДНИНАТА ТРЕБА ДА ГО ОХРАБРИ И ОЛЕСНИ ДВИЖЕЊЕТО

Врз база на најновите истражувања  тренд во образованието е учење со мозок (brain)  и тело (body) (LEARN BNB). Експертите и истражувачите заклучиле дека физичкото движење го олеснува и подобрува учењето и дека  е од суштинско значење, средините (училниците) за учење и наставните методи да се прилагодат на овие истражувања. Повеќе не е доволно само да го предизвикате мозокот. Сега, целото тело треба да биде ангажирано.

 

ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОДОБРО УЧЕЊЕ

Според истражувањата , 68% од учениците во Европската Унија се физички неактивни. Во Македонија ситуацијата е веројатно и полоша, но кој кај нас  би трошел пари на вакви истражувања  . Но иднината сепак изгледа светла. Дизајнерите на простор и мебел за училницата  на иднината, посочуваат дека ќе има зголемување на употребата на целото тело во образованието. Учењето BNB е еден од трендовите што ќе има големо влијание врз нашите средини за учење. Трендот е важен на многу начини бидејќи можноста да се справите со телото го олеснува интелектуалното учење. Концептот Учете со мозок и тело открива дека не е веќе доволно да го користиме само мозокот, туку треба да се вклучи целото тело. Училници претворени во спортски сали и тивки соби се неколку трендови кои стануваат се почести во современите училишта.

„Физичката активност не само што го подобрува  здравјето на децата, туку и нивната краткорочна и долгорочна когнитивна и ментална способност. Децата поминуваат многу време во обрзование, првите 20 години од нивниот живот. Како резултат на тоа, на училиштата им се дава единствена ексклузивна можност да влијаат на нивоата на физичка активност на детето и да промовираат здрави навики за живеење. Ова може да се направи на пример со создавање на околини кои промовираат физичка активност и воведуваат кратки паузи за вежбање на час.

Колку Македонија ќе биде конкурентна во светот  за 20 години е директно поврзано со дизајнот на просечната училница во македонските училишта.

ТЕХНОЛОГИЈАТА И ВНАТРЕШЕНИОТ ДИЗАЈН

Учењето BNB тивко поставува нови предизвици пред дизајнерите на МОДЕРНИТЕ УЧИЛНИЦИ И УЧИЛИШТА, додека во исто време тие промовираат движење, како столици во форма на лулашки или мек под (теписон). Во извештајот се открива и дека технологијата и интернетот  во иднина ќе го поддржат движењето во училниците користејќи сензори кои ја менуваат позицијата на мебелот и ги охрабруваат учениците да станат и се раздвижат  после предолго  седење за време на часовите. Учењето BNB е за зголемување  на динамиката и движењето во просторијата со цел да се подобри учењето. Затоа, важно е дизајнот на ентериерот да биде флексибилен и да може да се прилагоди на потребите на поединците, групите и различните стилови на учење.

„Исто како што многу работни места се опремени со мебел што промовира и провоцира движење, училниците и околината за учење се прилагодуваат за да се спречат учениците да седат во фиксна положба  подолго време. Се забележува зголемување на побарувачката за мобилен /флексибилен  мебел, производи што апсорбираат звук и столици што овозможуваат движење без да се прави бучава. Во следните години ќе се посвети многу внимание во  развој на училишните ентериери.

 

ПЕТ СОВЕТИ КАКО ДА ДИЗАЈНИРАТЕ  АКТИВНА УЧИЛНИЦА

  1. ПАУЗИ НА МОЗОКОТ

Паузи на активност во училницата со вежби што учениците можат да ги спроведат без никаква опрема.

  1. УЧИЛНИЦА КАКО СПОРТСКА САЛА

Област во или близу училницата во која има опрема и упатства за движење.

  1. КЛУПА ЗА СТОЕЊЕ

Во училницата, да се охрабрат учениците да прават разлика помеѓу седење и стоење.

  1. МОБИЛЕН МЕБЕЛ

Мебел (со тркала, на пример) кој е лесен за движење и овозможува прилагодување на активности во целата училница , групна работ и индивидуална работа.

  1. ПОВРШИНА ЗА ПИШУВАЊЕ

Создадете место за пишување на различни ѕидови / табли за поттикнување идеите и креативноста, поттикнување на наставниците и учениците да се движат наоколу во поголема област.

 

ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПОТРЕБИ НА УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАДОВОЛЕНИ

Ако нашите канцеларии и работните места постојано се менуваат и компаниите се повеќе инвестираат во нив зарем ќе ги запоставиме нашите деца? Трендовите за внатрешен дизајн на училниците се комбинираат со ергономија и елементи за зајакнување на креативноста. Во најголем дел, ова го гледаме како природна прогресија, но во многу училишта, времето за жал застанало.  Училницата во Македонија е непроменета во последните 100 години. „Технологијата се смени, но училниците обично се уште изгледаат идентично како во времињата кога ние денешните родители бевме ученици. Училишните клупи се поставени во редови свртени кон табла. Една од ретките разлики во многу училишта што ги посетивме е тоа што учениците имаат таблети наместо пенкала во рацете, но само доколку родителите се доволно имотни да им го овозможиле тоа на своите деца

Училиштата на најсовремен начин се осмелуваат да ги предизвикаат традиционалните структури и се обидуваат да ги задоволат потребите на нивните ученици. Флексибилни училници и мебел кои поддржуваат варијација и поттикнуваат децата да се движат наоколу, ги подобрува шансите за добра работа и соработка. Се работи за сместување на индивидуални процеси на учење. Можеби  е полесно да се апсорбира содржината на книгата што сте ја чита ученикот кога тоа го правите од мек тросед или килим, отколку од тврда дрвена столица. Учениците имаат  различни стилови на учење. Некои луѓе најдобро седат на ниско столче, а други во високо. Исто така, има и такви што имаат потреба да се изолираат  или да седат пред ѕид. Важно е да го внесеме ова знаење во училницата, и да на сите деца им овозможиме да учат в стилот кој ним најмногу им одговара. За жал кај нас учениците мораат да се прилагодат на училницата со што го кршиме карактерот на нашите деца во најчувствителниот период од нивниот развој. Подоцна таквите деца израснуваат с во следбеници и го губат лидерството во себе.

 

SИДОВИТЕ ВО УЧИЛНИЦАТА СЕ ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ

Истражувањата покажуваат  дека многу деца се чувствуваат попријатно доколку  седат во ќош или има ѕид позади  нив . Ова се гледа во тоа што, ако тие имаат можност, избираат да седат до ѕидовите. Размислете малку, дали одговор може да биде креирање на  училница со повеќе од четири агли. Можете да користите панели, текстил, столици со висок наслон и ормари на тркала за да ги потполнат празните места. Поделете ја училницата во зони. Во училиштата има и други области што можат поефикасно да се користат. Зошто да се ограничи кантината на јадење? Може ли пасивниот ходник да стане активен? И како може  создадете услови за спонтани состаноци и неформално учење?

 

МОЖЕ ЛИ СТОЛИЦИТЕ И БИРОАТА ДА ВЛИЈААТ НА УЧЕЊЕТО?

Постојат голем број на паметни опции за природно вклучување на движењата и варијации во секојдневната настава. Поставете стоечко биро во училницата за да ги охрабрите учениците да стојат. Зошто р тоа важно? Затоа што, според психолозите,  луѓето, а со тоа и децата, кога стојат креираат за 27% повеќе идеи отколку кога седат. Ајде да им овозможиме на нашите деца станати да ги извршуваат своите задачите. Ова не е само добар начин да се поттикне движењето, но честопати е и едноставен. Исто така важно е, да се овозможи варијација за работа на целото одделение, во групи или индивидуално. Затоа, дизајнот на ентериер треба да биде финкционален и мобилен за да овозможи прилагодување на потребата и ситуацијата. Столиците и клупите на тркала овозможуваат лесно да го преуредите мебелот во нови формации или групации. Сепак, предизвик е да се избегне создавањето бучни околини. Повеќе активност не треба да значат повеќе бучава. Користењето столици-лулашки или столици на тивок под е еден начин да се реши буката. Изборот  е на ергономска столица што може да се прилагодува на секој ученик посебно,  додека тркалата им овозможува  да се движат додека седат.

Седењето веќе е прогласено за болест на 21 век, ајде да на нашите деца им обезбедиме здрави услови за учење!