Границата помеѓу звукот и вревата не е секогаш очигледна.Тоа што не вознемирува, ни предизвикува стрес и не изморува, варира од човек до човек и зависи од тоа како ни почнал денот, со кои приватни проблеми се носиме како се чувствуваме во одреден ден. Најважно е да не го туркаме проблемот под тепих, да не молчиме за тоа како го перцепираме разговорот, смеењето и мрморењето на работното место.

Треба да говориме за звукот

Според многу експерти “ергономскиот звук” е запоставена област на работното место, но исто така и во општеството во целина, галамата во градовите исто така е горлив проблем. Дури и кога ќе се вложи многу труд во архитектонскиот и внатрешниот дизајн на некоја нова зграда, често може целото искуство да се уништи поради вознемирувачко звучно опкружување.

“Звукот е исклучително комплицирана област. Од една страна вклучува напредна физика. Од друга страна, звукот не е нешто што може да се допре или види, што значи дека е лесно да се заборави. Поголемиот дел од луѓето не размислуваат за звучното опкружување околу нив, но ние знаеме дека тоа влијае на здравјето, благосостојбата и можноста да се извршуваат работите. ”

Денес, експертите по ергономија се многу повеќе загрижена за благосостојбата и здравјето на луѓето отколку за тоа каков мебел се користи – справувајќи се со сите алатки неопходни за индивидуално прилагодување на работното место за различни услови, потреби и тела.

Технологијата ја зголеми нашата свеност за акустични решенија

Се смета дека технолошкиот развој, со оглед на тоа дека работиме пофлексибилно и во океански простори, го помести акустичното опкружување на врвот на агендата. Ергономските експерти од индустријата работат за да се развијат заеднички стандарди, за мерење на апсорбирањето на звукот од страна на канцеларискиот мебел. Модерниот мебел е неопходно да помогне во контролирањето на вревата во канцелариите. Ова е една од основните задачи на мебелот за да истиот се нарече ергономски.

Многумина потенцираат дека постојат законски норми кои се однесуваат на вревата која го оштетува слухот на луѓето, но во случајот со звукот кој е само вознемирувачки, границите се поопасни а не се законски третирани. Силниот звук може физички да го оштети слухот, но вознемирувачкиот звук атакува на целиот нервен систем а преку него и на целиот човечки организам.

Не се сите звуци врева

Звукот во голема мера влијае на нашата способност да ги извршуваме работите во канцелариите, дека може да предизвика стрес, главоболки и проблеми со концентрацијата, но исто така и физичка болка во рамената и вратот. Во исто време, звукот е исто така неизбежен на нашите работни места. Всушност може да биде земено и како позитивно тоа што нашите колеги разговараат, се смеат или слушаат музика. Сепак тишината не е секогаш неопходно најдобра. Не се сите звуци врева. Во суштина постојат некои звуци кои ги сакаме и кои треба да ги слушаме колку што може почесто. Претставата за тоа што е вознемирувачко, е субјективна. Сите имаме различна чуствителност. И таа може да варира од ден на ден. Ако сме уморни, или под стрес, или имаме работни обврски кои побаруваат високо ниво на концентрација, тогаш смеењето и телефонските разговори на нашите колеги може да биде повознемирувачко од обично. Затоа во океански организираните канцеларии е неопходно да се имплементираат одредени принципи кои би ги заштитиле вработените. Неопходна е консултација од стручно лице како би се избегнало да океанската канцеларија се претвори во арена.

Намалување на трошоците

Многу компании кај нас во обидот да ги смалат трошоците на преселување во нови или преуредување на старите канцеларии се одлучуваат самостојно да го уредат просторот или ангажираат компании кои немаат доволно искуство во уредувањето на океанските простори . Со тоа ја ризикуваат целата инвестиција, но и уште повеќе , ризикуваат да продуктивноста на нивните вработени падне на најниско можно ниво. Менаџерите интимно знаат што потоа ќе се случи со нивната компанија без разлика колку успешна била претходно. Затоа бидете внимателни со океанското уредување, може да се претвори во рак рана на вашата организација. Она што е најстрашно кога ќе се случи тоа, менаџментот често не детектира зошто продуктивноста опаднала и зошто флуктуацијата на вработените се зголемува предолг период.

Како да создадеме добро акустично опкружување

Со оглед на тоа дека чуствителноста на звукот варира од човек до човек, дневните и работните обврски, најдобро е да има флексибилно опкружување со бројни различни звучни сцени.

  • Не импровизирајте побарајте помош од експерт.
  • Направете анализа како опкружувањето влијае на луѓето и процесите.
  • Да се направи стратегија за тоа како непотребните попречувањата да бидат елиминирани и какви други звучни апсорбери би биле потребни.
  • Да се земат во предвид производите како панели за работни маси, ѕидни панели , ѕидни шински системи, како и стаклените делови од фасадата.
  • Да се погледне во целото опкружување за да се пронајде рамнотежа, со употреба на природни впивачи како завеси, теписон и мебел.

Добар совет е секогаш да се започне со основен мебел кој потоа може да се прилагоди кога просториите ќе почнат да се употребуваат. Само тогаш навистина може да се знае каков ќе биде звукот. Предноста од панелите, независно од фактот дека го намалуваат звукот, е и дека ја прават канцеларијата флексибилна и прилагодлива за нови побарувања.

Исклучете ги лошите момци

Многу е важно да се исклучат апаратите и зоните кои предизвикуваат врева или имаат зголемено ниво на звук, како на пример принтерите, лифтовите, пешачките патеки, кантините и рецепциите. Панелите помеѓу работните места го намалуваат звукот во канцеларискиот простор, без притоа да ги загрозат блискоста и комуникацијата. Посебните соби за пократки или подолги состаноци исто така придонесуваат за подобро звучно опкружување. Изборот на подот може да биде од пресудно значење понекојпат. Текстилните подови се единствено препорачливи во океанското уредување.

Исто така, врз одредени работи можеме да влијаеме и со нашето однесување. Ако обавуваме подолг телефонски разговор, треба да се оддалечиме малку. Исто така, важно е да се запамети дека кога зборуваме на телефон, зборуваме малку погласно од вообичаено. Тивкиот разговор е очигледно помалку вознемирувачки од гласниот. Со еден збор корпоративната култура е високо позиционирана во решавањето на проблемот. Истата е формирана од однесувањето на поединецот кое пак е условено од физичкото опкружување во кое битисува, што ќе рече од уредувањето на канцелариите. Уредувањето на канцелариите не само по себе не ги решава сите овие проблеми но е првиот неопходен чекор без кој понатаму неможе да се постигната посакуваните резултати.

Се започнува со свесноста

Многу може да се направи со звучното опкружување,ако само го забележиме и станеме свесни за тоа како влијае на нас. Најдобро, секако е ако архитектот ги примени знаењата за звукот и го планира звучното опкружување уште во фазата на дизајнирање и градење на објектот.

Постојат канцелариски простори во кои акустиката е целосно заборавена за време на изградбата а кога тоа ќе се случи многу тешко и финансиски е скапо да се поправи подоцна. Затоа е многу важно да се подигне свеста за звукот и за неговото влијание врз нас.

Меѓутоа сево ова се и светски проблеми охрабрува фактот дека постојат многу позитивни тенденции во светот но и кај нас дека работите се развиваат. Професионалците се повеќе го добиваат своето место компаниите и инвеститорите се повеќе ги ангажираат бидејќи се свесни за проблемот, во тек е нешто што наликува на тивка револуција.