Football tables

RS# масите за фудбал наменети за во домот и дворот особено се посветени на оние деца што некогаш рекле дека „Возрасните не си играат, тие само работат.“. Нашите фудбалчиња претставуваат комбинација од игривост и дизајн, и нудат максимално уживање. Тие го пополнуваат секој простор со игрив став, очигледно со цел да го оживеат духот на играњето игри во непосредна близина, создавајќи спомени со семејството и пријателите. Нашите дизајнирани маси за фудбал можат да бидат и по нарачка, и, што е уште поважно, тие се првите маси што вклучуваат и женски играчи.

Тие се уникатни, поразлични предмети соодветни за да ги разубават и украсат домовите, баровите, работните простори, рестораните. . . Фудбалчињата може опционално да бидат и мултифункционални маси.

RS2 трпезариска маса – Мултифункционална маса Вистинско искуство покрај трпезариската маса. Маса за фудбал врз која можете да вечерате, или пак, трпезариска маса со која можете да играте. Вие одбирате како да ја дефинирате RS2 трпезариската маса. Идејата е толку едноставна, колку што е и оригинална. Поставивме стаклена површина врз нашата класична RS2 за да можете да ја користите како трпезариска маса без да треба да ја прекинете играта, иако ви препорачуваме да играте седнати! Оваа трпезариска маса за играње фудбал ги комбинира гастрономијата, времето за играње и дизајнот. Разгледајте ги сите достапни модели на фотографиите.

Повеќе информации на следниот линк.