Предвидувањата се остварија

Предвидувањата се остварија

Да вистина е! Ние поминуваме 90 % од нашите животи во затворен простор. Но вистината е уште посурова, најголем дел од тоа време го поминуваме залепени пред некаков тип на  монитор или телевизор.

Најсвежите истражувања покажуваат дека 50% од вработените го проверуваат својот маил навечер, само неколку секунди пред да отидат на спиење.

Дали разбираме како овие промени влијаат на нашето тело, енергија и ментално здравје во текот на работниот ден и животот воопшто?

Додека сме сраснати со нашиот mailbox , ја занемаруваме потполно нашата човечка природа и вродената  потреба за поврзување со другите луѓе.

Поради овие причини од есенциална важност е како ги уредуваме внатрешните простори .

Посебно место добиваат некои елементи – свежиот воздух , живите билки, природното светло – како би ја обновиле нашата човечка енергија, подигнале нашата продуктивност и подобриле личната благосостојба.

Затоа не изненадува информацијата дека лидерските  компаниите се повеќе , како давеник за сламка, се фаќаат за биофилистичкиот (Biofilic) дизајн на канцелариите, пристап на дизајн кој природата ја внесува во внатрешниот простор.

 

Како се постигнува тоа:

1. Инкорпорирајте , во вашата канцеларија, материјали кои се природни или се инспирирани од природата.

2. Внесете живи билки во просторот, тоа ќе го редуцира стресот и анксиозноста на вработените. А во исто време, го зголемува кислородот и регулира влажноста на воздухот.

3. Бидете внимателни при изборот на мебелот, нека боите и текстилот од кој се изработени ја рефлектираат природата.

4. Иако сме природно зависни од сонцето и природната светлина, постојат многу канцеларии кои имаат мали или воопшто немаат прозорци.

Треперењето или недостатокот на светло, силно влијае на работната способност и благосостојбата на луѓето. Изворите на светлост неопходно е да бидат ставени во оклоп како би се избегнале иритантни одблесоци од истите.