КРЕАЦИЈА

КРЕАЦИЈА

ВРАЌАЊЕ

 

Господ го креирал човечкото тело да биде во движење. Со милениуми сме биле ловци и собирачи на плодови. Но модерниот развој во последните 50 години го води истиот тој човек во позиција да го силува сопственото тело, да го позиционира во столица, во фиксна слабо движечка седечка или полуседечка позиција.

 

Со години сум сведок како луѓето функционираат во своите канцеларии како во нашата Македонија така и во многу други земји во регионот но и на целиот континент. Сите се повеќе страдаме од физичка болка на грбот, нозете, колковите но и од главоболки.

Сето ова доведува до намалување на креативноста, инспирацијата, нарушување на тишината, недостаток на поврзаност помеѓу колегите, пријателите и недоволно време за нашите семејства и деца.

 

Веќе 20 години се обидувам да на компаниите и организациите им помогнам да пронајдат начини како да ја зголемат продуктивноста и ангажираноста на луѓето но и на просторот во кој битисуваат. Секојдневно ги трошам гласните жици да  бизнис лидерите ги разбудам да осознаат дека физичкото окружување го формира однесувањето на луѓето, а тоа пак однесување повторено доволен број пати низ времето ја креира културата во една компанија.

 

Сведок сум, многу бизнис лидери 100% се фокусирани на својот бизнис на профитот но и на опстанокот на компанијата во овие, ако дозволите да си земам слобода на лична проценка, најтешки 10 години во позната бизнис историја. Во времињата во кои секој бизнис човек кој одржал или креирал и едно работно место заслужува наклон до подот за ангажманот и креативниот потенцијал кој го изразил.

Причината е многу едноставна, тоа работно место овозможува да некој научник истражува нови начини за подобар живот, друг фармацевт да пронајде лек за неизлечивите болести, некој филозоф да им приближи на луѓето како да полесно ја пронајдат смислата на животот а учителите да комплетно им се посветат на младите генерации како да се изградат во здрави личности.

 

Но истите бизнис лидери во борбата за успех, за реализација на новите идеи забораваат на есенцијата на нивните бизниси, го губат фокусот кон луѓето. Го загубија најбитниот елемент на постоењето на секој бизнис. Луѓето се основната клетка на секоја компанија без разлика дали се вработени или клиенти.

 

Неопходно е да се вратиме на почетокот, да и се вратиме на мајката природа. Поради нашите бизнис преокупации си изградивме засолништа како од надворешните влијанија така и од емотивните напливи на пријателите и семејствата. Изградивме канцеларии кои требаше да бидат алатка која ќе го олесни бизнисот а ќе го зголеми профитот. Но се претворија во зандани каде луѓето се под неверојатен стрес, се пржат одвнатре на највисоки температури. Се повеќе се чувствуваат како да се во гладијаторска арена каде колегата е крвникот кој треба да се убие а не член на тимот кој треба да ми помогне како да на клиентот му го олеснам животот а со тоа да го исполнам есенцијалното во постоењето на мојата компанија и причината зошто сум станал сабајле рано и дошол на работа. Модерниот човек во борбата за поголем физички комфор си креира ментален пекол.

 

Време е да им се посветите на вашите канцеларии и да ги креирате на база на биофилистичкиот ( biofilic) дизајн пристап. Да конечно затворените простори одговараат на природата кон која модерниот човек е неопходно да што побрзо се врати.

 

Само среќниот и задоволен вработен може да креира профити!