Do not worry, be healthy

Do not worry, be healthy

Дизајнирањето на деловните канцеларии денес  дизајнерот го соочуваат со повеќе предизвици од било кога порано. Современиот дизајнер покрај тоа што треба да креира естетски перфектен простор, денес е неопходно да креира и простор кој ќе овозможи да корисниците на канцелариите  кога ќе ги напуштат на крајот од работното време бидат поздрави отколку кога утрото влегле во истите.

 

Дали знаете дека …..

37% од луѓето  поминуваат помалку од 30 минути на своите нозе во канцелариите

И вообичаено седат 7,7 часа на ден… долгото седењето од своја страна сериозно го зголемува ризикот од  срцев напад за цели 14%.

Но исто така  седењето го зголемува и стресот, дегенерација на мускулите, зголемување на телесната тежината и уште многу други појави.  Поради што се успорува метаболизмот во телото , намалување на циркулацијата која носи помалку кислород во мозокот , која е во директна корелација  со  намалување на ангажманот кај вработените, а тоа значи намалување на продуктивноста на вашите вработени а со тоа и на перформансите на вашата компанија.

 

Сето ова директно влијае и на отсуствувата    од работното место…

Ова во една Британија прави губитоци од 15 милијарди фунти во изгубена продуктивност или 131 милион денови отсуства на годишно ниво од работа во британската економија, во Македонија никој не прави истражувања за продуктивноста бидејќи нели знаеме дека истата е рак рана на локалната економија.

 

Основното прашање драги пријатели е дали и понатаму во вашата компанија ќе ги игнорирате фактите?

 

Со други зборови, седењето е новото  пушење, односно како што цигарите беа здравствен проблем на 20 век таков проблем на 21 век е седењето

 

Со оглед на тоа дека човечкото тело е конструирано да биде во движење неопходно е да сериозно почнеме да се занимаваме со овој проблем.

 

Што можеме да направиме како би ја подобриле ја оваа ситуација?

 

  • Компаниите можат да понудат повеќе дневно светло и свеж воздух кое во Македонија го имаме во изобилие со нула трошоци.

 

  • Компаниите можат да ја донесат природата во канцелариите, биофилијата во дизајнирањето на новите деловни канцеларии зазема централно место денес. Неопходно е дизајнерот да креира простор кој ќе ја одглуми природната средина користејќи материјали и производи кои тоа го овозможуваат.

 

  • Компаниите можат да донесат повеќе благосостојба во своите канцеларии. Направете луѓето да во канцеларијата се чувствуваат како да се во својот дом во својата дневна соба.

 

  • Компаниите можат да понудат здрава храна, наметнете да грижата за личното здравје да биде морално прашање а не лично.

 

Но најважно од се е да се седи адекватно и прописно како и менување на навиките за седење или уште подобро работете стоејќи. Понудете опција за вашите вработени да дел од своите работни обврски ги завршуваат стоејќи. Човечкиот мозок генерира за 27% повеќе идеи кога телото стои во однос на тоа кога седиме. Зошто да ги изгубите овие идеи ако инвестициите се минимални за да истите се осигураат?

 

Или пак наједноставно, уживајте во слободата на изборот да работите во различно окружување и поставка на работниот простор.  Креирајте екосистем на работни места кои ќе им понудат на вработените слобода во изборот на начинот на кој ќе ги извршувате работните задачи, во седечка, стоечка или полу лежечка позиција. Верувајте ќе бидете пријатно изненадени од сознанието  со каков  креативен потенцијал  располагаат вашите луѓе, кој овој избор ќе го ослободи и ќе ја подигне компанијата во неверојатни височини.