Дали т.н. салутогенетски дизајн е новиот предизвик за работното место

Дали т.н. салутогенетски дизајн е новиот предизвик за работното место

Во последните неколку години беа разгледувани бројни прогресивни прашања за работното место, меѓу кои најразгледуван е биофилистичкиот. Како што покажа неодамнешното интервју на CNN, со еден од европските поддржувачи на биофилистичкиот дизајн Оливер Хит , тоа сега е принцип, кој стана прашање за кое се зборува во мас медиумите. Интервјуто истражува како биофилијата влијае на нашата љубов кон природата, за да разбуди одредено однесување и емоции.

Во овој поглед,  главниот интерес за биофилијата е знак за тоа како организациите бараат пософистицирани начини за тоа како да се сретнат бројни меѓусебно поврзани бизнис предизвици, без притоа помалку да се грижат за нивната благосостојба, додека ја подобруваат продуктивноста. Во овој поглед, биофилистичкиот дизајн покажа бројни бенефиции кои се поткрепени со докази.

Тоа исто така е многу современ начин за решавање на проблемите со продуктивноста и благосостојбата. Пристапот кој е прифатен од просветлените работодавачи, не е повеќе фокусиран на создавање на средини и култури кои не прават штета, туку на создавање на средини и култури кои го поттикнуваат ангажирањето, ја подобруваат благосостојбата, го решаваат стресот и притисокот, и помагаат во зголемувањето на продуктивноста.

Вообичаено е за компаниите да имаат добро дефинирани стратегии за благосостојбата. Според извештајот на истражувањето за благосостојбата на вработените од 2018, направен од здружението за придобивки и бенефиции на вработените, речиси половина од работодавачите во Велика Британија веќе имаат стратегија и 60% од директорите велат дека психичкото здравје на вработените им е приоритет.

 

Салутогенеза

 

Биофилистичкиот дизајн игра голема улога во овој поглед, и е дел од тоа како се создаваат просторите за подобрување на здравјето и благосостојбата на луѓето. Со оглед на тоа дека многу компании го решаваат ова прашање на многу пософистициран начин, како и биофилистичкиот дизајн, во блиска иднина можеме да слушнеме многу повеќе за салутогенетскиот дизајн.

Салутогенезата (salutogenesis е кованица од два збора латинскиот  salus=здравје и  грчкиот  gensis = потекло)  е термин измислен од медицинскиот социолог Антон Антоновски, кој ги опишува неговите истражувања во 1970-те и 1980-те низ врските помеѓу стресот и физичкото и психичкото здравје. Тој открил дека традиционалната дихотомија, која луѓето ја применуваат помеѓу здравјето и болеста не е доволна да се опише постојаното менување на континуитетот на резултатите кои луѓето ги искусуваат во нивните животи.

Тој го извел терминот како антоним на патогенезата, која опишува како лошото здравје се третира, откако состојбата ќе биде забележлива.

Тој е особено фокусиран на тоа како различните луѓе реагираат на присуството на стрес. Тој забележал дека одредени луѓе, не само што не страдаат од лошите ефекти на стресот, кои на другите делуваат онеспособувачки, туку имаат добро здравје и покрај стресот.

Тој  го објаснил ова сугерирајќи дека еден од проблемите е индивидуалното чуство за кохеренција, дефинирано како “глобална ориентација која го изразува степенот на продорното, трајното и динамично чуство на самодоверба дека стимулите кои произлегуваат од внатрешните и надворешните средини се структурирани, предвидливи и можат да се објаснат; изворите се достапни до оние кои имаат барања од тие стимули; и тие барања се предизвици, вредни да се инвестира и вложи во нив”

Тој дошол до заклучок дека зад специфичните фактори за стрес, оние кои може да влијаат на нашиот живот, и зад перцепцијата и реагирањето на тие настани, она што детерминира дали стресот ќе ви предизвика штета или не е тоа дали стресот ќе го наруши вашето чуство за кохерентност.

Според Антоновски трите фактори кои се еснцијални за чуството на кохерентност се:

  • Сеопфатност: чуството дека работите се случуваат на предвидливи начини и дека можат да се разберат на начин кој значи дека иднината има смисла.
  • Управливост: самодоверба во можноста да се реагира на грижата за работите и да се одговори на нив соодветно и значајно, на контролиран начин.
  • Значајно: разбирањето дека работите се вредни и имаат значење и дека постои добра причина за тоа што го правиме, и чуството дека постои цел.

 

Салутогенетски дизајн на работното место

 

Интересно е да се забележи дека, во рамките на дефиницијата за чуство за кохерентност, постои улога која треба да се одигра за надворешната околина. Со други зборови, возможно е да им се помогне на луѓето да развијат чуство за кохерентност во нивното опкружување, земено и како физичко и како културно опкружување.

Овој предмет е веќе истражуван од дизјнерите и истражувачите, но главниот фокус на благосостојбата и дизајнот може да значи дека вистинското време допрва треба да дојде.

Алан Дилани, основачот на “Меѓународната академија за дизајн и здравје” и ко-основач на весникот “Дизајн за светско здравје” објави истражувањето во 2008 година во врска со весникот “Научен преглед на здравствен дизајн”, наречено Психолошки поддржувачки дизајн: Салутогенетски пристап на дизајнот на физичкото опкружување, заклучувајќи дека додека клиничката пракса се фокусира на третирањето на болеста, постојат истражувања кои предлагаат, дека квалитетот на секојдневните опкружувања играат многу важна улога во одржувањето на здравјето.

Слично на него и Јан Голембиевски дошол до сличен општ заклучок во неговиот труд од 2012 година, Салутогенетски дизајн: Невролошките основи за промовирање на средини за здравје, од Светскиот научен преглед за здравствен дизајн.

Ваквите истражувања ги воспоставуваат темелите за нов начин на градење и дизајнирање на работното место, кој се фокусира на резултатите од благосостојбата. Всушност, многу дизајнери веќе го прифатија овој пристап, независно дали ги разбрале салутогенетските принципи зад него.

Кога го прават работното место подобро за управување, во услови засновани на работење со активност, контрола на амбиенталните услови, способност за релаксирање, обезбедување на ергономски производи и пристап до природна светлина и свеж воздух, тие придонесуваат кон индивидуалното чуство за кохерентност.

Кога ја прават работата значајна, со чуство на заедништво, разбирање за тоа како улогата на поединецот влијае врз организацијата и поширокиот светот и како компаниите се грижат за околината, тие придонесуваат кон  индивидуалното чуство на кохерентност.

Кога го прават работното место и работата разбирливи, со начин за поврзување на индиции, боја, брендирање, уредување, акустика и визуелни знаци и тие придонесуваат кон кохерентноста.

Биофилистичкиот дизајн веќе го постигна главното разбирање и нема да биде изненадување да се види салутогенетскиот дизајн, како следна идеја низ која треба да се помине.