ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО КАКО АЛАТ

ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО КАКО АЛАТ

Ергономијата е во најдоброто светло кога треба да ја прилагодиме работната околина за да ни овозможи најдобри резултати од нас лично и од задачите на кои работиме. За да го постигнеме тоа, треба да разбереме како функционира нашето уникатно тело.

 

Анатомската конфигурација на ‘рбетот има форма на буквата  S . Таа треба да се одржува колку што е можно повеќе додека седиме. Тоа може да се направи, на пример, со помош на ергономски обликувани столови, а и со менување на работната положба од седење во стоење.

 

СТАВЕТЕ СЕ ВО ДВИЖЕЊЕ

Луѓето во секој поглед се создадени за движење и нашите функции – од нервниот до дигестивниот систем – зависат од фактот колку  се движиме. Движењето во канцелариски услови само по себе е ограничено. Поради тоа треба да создадеме ергономска околина со флексибилни работни алатки и мебел кои се прилагодуваат за да овозможат простор за физичка активност.

 

ОДМОРОТ НЕ Е СЕКОГАШ ОДМОР

Регенерацијата на нашето тело е исто толку важна колку и активноста. Не е доволно да се земат неколку слободни недели годишно, отсуството од работа само по себе не го решава проблемот.  Редовно треба да се земе во предвид активен одмор од стресните ситуации па  до релаксација на телото, неопходно и во текот на работниот ден во самата канцеларија да овозможите регенерација на вашето тело. Добра работна околина е онаа која ги креира  потребните услови за регенерација за време на работното време.

 

ДВИЖЕЊЕТО Е НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА ВАШИОТ ‘РБЕТ

Анатомската конфигурација на ‘рбетот има форма на буквата S. Таа треба да се одржува колку што е можно повеќе додека седиме но притоа треба да избегнеме фиксна позиција. Тоа може да се направи со комбинација на ергономски обликувани столови  менување на работната положба од седење во стоење.  Најдобриот лек за здрав ‘рбет сепак е движењето. Затоа одберете такви ергономски столчиња кои покрај тоа што ‘рбетот го држат во анатомската позиција на буквата S, во исто време да го провоцираат да креира мали движења.

 

СТРЕСОТ НАЈМНОГУ СЕ ТАЛОЖИ ВО ВРАТОТ И РАМЕНАТА

Добра ергономија за вратот и рамената значи работна околина каде можеме да работиме со релаксиран врат и рамена, можеме да направиме редовни паузи и промена на работната позиција за да се стимулира крвотокот, како и да се овозможи добро дизајнирана околина со адекватно светло.

Дизајнот на мебелот кој во исто време е флексибилен овозможува да вработените одберат различни работни позиции на седење додека ги завршуваат различните работни задачи во текот на работниот ден. Тоа ќе придонесе до релаксација на мускулите во вратот и рамената но и до намалување на стресот кој се акумулира во текот на денот.

 

НЕЗАБОРАВАЈТЕ НА ВАШИТЕ РАЦЕ И ДЛАНКИ

Канцелариската работа обично не е тешка работа, но вклучува често повторување на исти мали движења на рацете и подлактиците за време на работниот ден. Овој вид на прекумерен напор може да се спречи со помош на добри работни алатки и со менување на работната положба од време на време.